Безбедна и продуктивна канцеларија во домот

12.2.2021

Поради Ковид-19, многу луѓе мораа да започнат со работа од дома. Канцелариите обично се дизајнирани така што нудат најдобри услови за работа, но нашиот дом не е. Сите ние создадовме мини канцеларии дома откако сето ова стана нашето ново нормално секојдневие, но сега полека (но сигурно) ги преместуваме канцелариите кон поудобни каучи или дури кревети. Ништо не е подобро од удобноста, нели? Па, погрешно. Дизајнирање на посветен работен простор во вашиот дом е важно. За да ве потсетиме на работите што веројатно сте ги заборавиле (блокирале?), подготвивме неколку упатства што ќе го заштитат вашето здравје и ќе ја зголемат вашата продуктивност.

Безбедноста при работа e на прво место

Се подразбира дека се претпочита вашиот дом да е чист и безбеден простор, без оглед на големината (кутија за чевли или замок). Но, покрај тоа, мора да бидете сигурни дека вашиот работен простор е организиран за да не му наштети на вашето здравје и благосостојба. Прво, осигурете се дека имате работна површина, стабилна, доволно голема и висока од 720 до 750 мм. Второ, обезбедете стабилен и удобен канцелариски стол, за да можете да седите исправено и да се движите слободно. Ако работите на компјутер, проверете дали растојанието помеѓу екранот и очите е најмалку 500 mm. Чувајте го вашиот екран чист и поставете ги параметрите како осветленоста и големината на карактери според вашите потреби.

Одделете го работниот простор од просторот за живеење

Клима уредот започнува да ги загрева просториите за само неколку минути откако ќе го вклучите, додека на радијаторите може да им треба малку време да се загреат. Покрај тоа, клима уредот ви овозможува греете кога ви е потребно. Значи, ако живеете во станбена зграда, не мора да ја чекате грејната сезона, туку едноставно можете да го вклучите климатизерот и температурата во вашиот стан ќе биде пријатна и топола.

Бидете сигурни дека живеете и работите во здрава средина

Препорачаната собна температура за да се постигнат најдобри резултати во работењето и да се остане здрав е 24°C. Клима уредот е одлично ја го одржува оваа температура. Hisense клима уредите имаат неколку функции, што ќе го направат вашиот дом не само удобна, туку и безбедна и одлична работна средина. Неговите филтри на пример, за разлика од другите, го подобруваат квалитетот на воздухот со апсорбирање на непријатни мириси, штетни материи и поголема прашина. Покрај тоа, тие уништуваат повеќе од 95% од бактериите и додаваат мирис и витамин Ц, што го подобрува квалитетот на воздухот и е корисно за здравјето и за кожата.

Избегнувајте одвлекување на вниманието

Бидете сигурни дека на дофат на рака секогаш ги имате потребните работи како компјутер, тетратка, слушалки и чаша вода, а работите што не ви се потребни се скриени или ви се некаде далеку од видот. Помага ако вашето работно место е поставено таму каде што Wi-Fi конекцијата е одлична, така што работите како што е на пример нејзиното поправање, да не станат изговор за одложување на работните обврски.

Направете си рутина

Додека работењето од дома може да звучи одлично за луѓето кои сакаат поголема флексибилност, рутината и придржувањето кон тоа ќе резултираат во подобра рамнотежа помеѓу работата и животот, особено ако планирате да ја работите својата работа кога сте најпродуктивни. Кога го подготвувате вашиот распоред, не заборавајте да вклучите помали паузи и паузи за ручек што ќе ви помогнат да останете во добра физичка и ментална состојба. Уште подобро ако го испланирате целиот ден, бидејќи активностите по работата даваат голем стимул да бидете најпродуктивни за време на работното време и ве мотивираат да сакате добро да ја завршите својата работа, за да можете подоцна безгрижно да уживате во убавите мигови.