Горди сме што
можеме да објавиме дека Hisense стана официјален партнер на Европското
фудбалско првенство 2024 година – UEFA EURO 2024™.
Ова е трет пат по
ред како Hisense е официјален партнер на овој еминентен турнир кој се одржува на секои
четири години.
17-тото издание
на Европското првенство на UEFA ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули
2024 година. Натпреварите ќе се играат на импресивни стадиони низ Германија:
Берлин, Минхен, Дортмунд, Гелзенкирхен, Штутгарт, Хамбург, Дизелдорф, Келн,
Лајпциг и Франкфурт.
Како официјален
партнер на UEFA EURO 2024™, Hisense ексклузивно ќе промовира широк спектар на
производи од различни категории: телевизори, апарати за домаќинство, мали
апарати за домаќинство и клима уреди. Може да очекувате забележителна промоција
на лице место на сите стадиони, на дигиталните медиуми на UEFA, фан зоните и
секако, одлична изложеност на брендот за време на ТВ преносот.
Европското
фудбалско првенство на UEFA е вториот најгледан фудбалски турнир во светот,
така што ова партнерство го зајакнува препознатливоста на брендот.
Инвестирањето во спортот е една од клучните маркетинг стратегии на Hisense. Со
текот на годините, Hisense се приклучи на различни тимски спонзорства и
спонзорираше големи спортски настани, меѓу кои и FIFA World Cup Qatar 2022™.