Презентацијата на Hisense „ПОВЕЌЕ ОД ТЕХНОЛОГИЈА“ ќе ви
покаже како изгледа домот на иднината, достапен за секого!
Германија, 1 септември 2023 година - Hisense, глобална корпорација за
потрошувачка електроника, како водечки партнер на овогодинешниот IFA саем во Берлин, го
отвори овој многу значаен настан со главната презентација на Фишер Ју,
претседател на Hisense Group Holdings Co., Ltd.
Фишер Ју одржа говор на тема The
Scenario-driven Future of Tech и вети дека
компанијата ќе продолжи да носи иновации за сите и да се фокусира на
висококвалитетен раст и внатре и надвор од домот. Ју, исто така, ексклузивно
откри дека Hisense ќе биде официјален
партнер на UEFA EURO 2024™ по трет пат по ред.
Hisense постигна
извонреден успех со проширување на своето работење на глобално ниво, така што
компанијата сега е присутна во 160 земји и е втор најголем производител на
телевизори во светот.
Со користење на дисплеи за
поврзување интегрирани мрежи со Cloud услуги и обезбедување персонализирани
услуги преку пристап заснован на сценарија, Hisense воспостави силен
технички систем: екрани, оперативен систем и платформа. Во иднина, Hisense планира да ја прошири својата
мрежа на екрани и
континуирано да гиподобрува својот систем VIDAA OS и платформата ConnectLife. Исто така,
компанијата ќе работи на подобрување на персонализираните услуги и сеопфатното
искуство на клиентите.
Луѓето како центар на технолошката иднинаНа овогодинешниот IFAсаем, Hisense претставува палета на производи задомот и иновативни технологиите за поврзано живеење „Go Tech, and Beyond“, со лансирање на
најновите различни
достигнувања од своето портфолио. Меѓу нив се UX, U8, Laser TV,
серијата PureFlat на фрижидери со паметни екрани со големи дијагонали, како и апарати за готвење, миење садови и перење алишта и како тие ќе им
помогнат на потрошувачите во нивниот секојдневен живот.
За време на IFA, Hisense ја нагласува иновативната
технологија што ја нуди и ја демонстрира моќта и интерактивноста на својата
палета на производи. Тоа го постигнува преку врвна технологија, уметнички
дизајн и малку поинаков распоред во различни животни стилови и сценарија,
вклучително и посебна зона за гејмери, каде што се користи телевизорот U7,
и преку уметничка галерија, која користи Frame TV за да инспирира
креативен дом.
Дополнително, на штандот на Hisense се наоѓа и трофејот UEFA EURO
2024™, кој посетителите ќе можат да го видат во живо и да се
фотографираат со него.
Покрај најновите производи,
изложени се и некои од технологиите на Hisense, вклучувајќи ги и оние за
подобрување на квалитетот на сликата, оперативниот систем VIDAA и ConnectLife.
Платформата ULED X ги поместува границите на квалитетот на сликата
благодарение на возбудливите иновации како што се оптичкиот систем Hi-Light,
чипсетот Hi-View Engine X и врвните компоненти на дисплејот Obsidian.VIDAA OS гоподигнува нивото на стриминг содржини со
напредни функции и хардвер достапен за секого. ConnectLife се фокусира
на потребите на корисниците за здравје, удобност и заштеда на енергија,
обезбедувајќи им широк опсег на можни употреби и услуги, вклучувајќи паметни
кујни, паметна енергија, паметни услуги, паметно прочистување на воздухот и
паметна нега.
Hisense, исто така, разви
нова генерација дигитален Laser engine (LPU) користејќи своја сопствена
технологија. Новиот LPU е во состојба прецизно да ја контролира светлината во
наноскала, постигнувајќи широк спектар и прецизна корекција и прикажување на
бојата.
Како да го пронајдете Hisense на IFA 2023 годинаHisense ги поканува сите
посетители на IFA 2023 да му се придружат на брендот на нивниот импресивен
штанд.
IFA 2023 се одржува во комплексот Messe
Berlin, Messedamm 22, 14055 Берлин, Германија. Настанот е отворен од 10 до 18
часот, од 1 до 5 септември 2023 година, а можете да го посетите Hisense во сала
23а. Добредојдовте!