Освој патување во Мексико на FIFA WORLD CUP 2026™ Светското првенство во фудбал
Ако сакаш да го оствариш својот сон и да одиш на отварањето на Светското првенство во фудбал – на вистинското место си! Hisense и оваа година е официјален спонзор на FIFA World Cup 2026™, па затоа ти даваме можност да заминеш на патувањето на животот и да присуствуваш на отворањето на Светското првенство во Мексико!
Како? Вака:
1. Пополни го формуларот на оваа страница со твоите податоци и внеси фискални сметки или фактури од купени Hisense или Gorenje производи во вредност од најмалку 15.000 дeнари од 18.03.2026 до 27.04.2026 година.
2. По проверката на твојата пријава, доколку условите се исполнети, ќе бидеш поканет/а на големо натпреварување во шутирање пенали на 29.04.2026 година со почеток во 18:00 часот, на фудбалското игралиште на ФК Локомотива Скопје во Скопје. Во квалификациските рунди пеналите ќе се шутираат во цели, а во финалната рунда ќе брани професионален голман!
Победникот во финалната рунда ја добива главната награда – патување за две лица на натпреварот на отворањето на Светското првенство во фудбал во Мексико!
Со среќа!
* Напомена: За наградната игра важат сите фискални сметки или фактури издадени во периодот од 18.03.2026 до 27.04.2026. Чувајте ја фискалната сметка/фактурата како доказ за купениот производ бидеќи ќе треба да се прикаже при подигнување на наградата. Податоците во приложената фискална сметка/фактура треба да соодветствуваат со податоците испратени при регистрацијата.
За дополнителни информации јавете се на 02/3216215 секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.
Победникот на наградната игра Кој ти брани да одиш во Мексико е Матеј Славевски!
Честитки за Матеј кој покажа одлични вештини на терен и заслужено оди во Мексико да навива на официјалното отварање на FIFA World Cup 2026!
За потсетување главната награда е: Патување во Мексико за двајца, платен неколкудневен престој во Мексико Сити, авионски превоз и најважно билети за почетниот натпревар од отворањето на Светско првенство во фудбал, каде што Hisense е официјален спонзор.
Благодариме на сите учесници во наградната игра, особено на оние кои земаа учество во натпреварувачкиот дел! Направивте одлична атмосфера, почитувавте фер игра и веруваме запознавте и други фанови на фудбалот.
Благодариме на сите кои учествуваа во организирањето на наградната игра и овозможија идејата да стане реалност. Си поминавме одлично на вчерашниот настан, а сега време е Матеј да го одбере своето друштво за Мексико и да започне со сите подготовки кои го чекаат.
До следното видување, останете добри и верувајте во иновации кои го менуваат животот!

