Политика за приватност
Заштита на приватност
Оваа Политика за приватност го регулира начинот на кој Hisense International Co., Ltd. (со официјална адреса на број 17, Donghai Xi Road, Qingdao, P.R.C.) и неговите филијали (колективно наречени „Hisense“ или „ние“) собира, користи, одржува и открива информации собрани од вас преку Интернет-страницата („Веб-страница“). Оваа политика за приватност е ефективна од 1. март 2018 година.
Hisense применува политика за приватност за да ги заштити личните податоци за идентификација и комуникациите од неовластени упади/напади. Под поимот „лични податоци за идентификација“ подразбираме какви било лични податоци со кои може да се идентификувате, како што се вашето име, адреса, телефонски број, е-пошта и информации за активности (преку Интернет или на друг начин) кои се директно поврзани со вашите податоци.
Како и зошто Hisense ги собира и споделува вашите податоци
Нашите формулари за контакт преку Интернет бараат да внесете ограничени лични податоци за да можеме да го исполниме вашето барање или соодветно да одговориме. Сите податоци собрани преку овие форми за контакт ќе се користат само кога Hisense одговара на вашето барање, или кога користи застапници и даватели на услуги (како што се изведувачи и компании од трети страни) за да обезбедат услуги во име на Hisense, или кога ги пренесува вашите податоци до малопродажните објекти на Hisense или на сервисните партнери по продажбата. Ќе ги направиме сите комерцијално разумни напори да обезбедиме добавувачите и компаниите (трети страни) да ги заштитат вашите лични податоци на начин што е во согласност со оваа Политика.
Можете да нѐ известите за начинот на кој сакате да бидете контактирани во врска со податоците што ни ги доставивте преку нашите контакт формулари преку Интернет. Доколку го известите Hisense дека не сакате да ги користиме, менуваме или бришеме сите ваши податоци како што е опишано во оваа Политика за приватност, ние ќе ги почитуваме вашите барање. Меѓутоа, ако подоцна доставите дополнителни лични податоци преку Веб-страницата или на друг начин одговорите на било кое Интернет барање на Hisense, ќе се смета дека сте ја смениле вашата одлука во врска со употребата, измената или бришењето на вашите податоци од страна на Hisense, а Hisense може да ве контактира како што е наведено во одредбите. Можете да нѐ известите во секое време дека не сакате да бидете контактирани од Hisense.
Hisense ќе ги направи сите деловни разумни напори за да се погрижи вашата е-пошта да остане безбедна и приватна. Hisense нема ја да открие на трети страни што не се поврзани со Hisense, приватната комуникација по пат на е-пошта која е испратена со користење на сервисот на Hisense, освен ако е неопходно да се обезбеди услуга, или да се одговори на вашето барање, или ако законот предвидува поинаку.
Hisense ќе реагира на секое неправилно работење. Hisense може да користи лични податоци за да ги испита или за да помогне во спречување на потенцијално нелегални активности или активности што ни се закануваат или на друг начин ги кршат договорите со клиентите за кој било производ или услуга понудена од Hisense.
Ние не продаваме, тргуваме или изнајмуваме лични податоци на трети страни. Можеме да споделиме генерички собрани демографски податоци кои не се поврзани со било кој поединец, како на пр. посетители и клиенти со нашите деловни партнери за целите опишани погоре. Можеме да користиме даватели на услуги (трети страни) како посредници во управување со нашата деловна активност и Веб-страница или во управување со активности во наше име, како што е испраќање на прашалници. Ние може да ги споделиме вашите податоци со овие трети страни за ограничените цели за кои ни дадовте согласност.
Може да користиме „колачиња“ во комбинација со анонимни податоци за клиентите (и лични податоци ако сте ги навеле) за да го следиме движењето и однесувањето на корисникот во рамките на оваа Веб-страница и во страниците за производите на Hisense. Може да ги користиме овие податоци за да ни помогнат нам, или на нашите овластени застапници, даватели на услуги, трговци на мало и маркетинг партнери, за да ви понудиме производи и услуги што подобро одговараат на вашите потреби и да направиме анализа на нашата Веб-страница, односно на корисникот. Може да ги доставиме овие податоци на компании (трети страни) или на даватели на аналитички услуги кои ќе ни извршат услуга или анализа и ќе ни достават резултати според договор кој бара компаниите (трети страни) или давателите на аналитички услуги да ги почитуваат сите важечки закони и регулативи. Ги користиме податоците и резултатите од анализата за да ги подобриме Веб-страницата и производите, корисничкото искуство и да обезбедиме содржина и услуги што подобро одговараат на вашите потреби.
Промени во пракса
Hisense ќе ја спроведе својата политика за приватност и ќе вложи напори за навремено да ја ажурира оваа Веб-страница секој пат кога ќе се изврши промена во оваа политика.
Дополнителна заштита на приватноста за деца кои користат Интернет
Hisense препознава дека децата, вклучително и тинејџерите, не можат да донесуваат информирани одлуки за личните податоци што се бараат на Интернет. Затоа, Hisense свесно не таргетира деца и тинејџери (на возраст под осумнаесет години) за собирање податоци преку Интернет. Hisense не бара ниту собира лични податоци од деца и тинејџери според важечките закони и регулативи и не дозволува никој друг да го стори тоа.
Изјави и гаранции
Гаранциите и Ограничувањето од одговорност за податоците и документите што ги собираме на оваа Веб-страница се обезбедени „како што се“ без никаква гаранција. Hisense прави разумни напори да вклучи точни и ажурирани информации на оваа Веб-страница; сепак, не дава изјави за нивната точност и комплетност. Користете ја оваа Веб-страница на ваш сопствен ризик. Hisense, неговите добавувачи, дистрибутери, овластени агенти, даватели на услуги, трговци на мало, маркетинг партнери и другите страни вклучени во креирање и објавување на содржина на оваа Веб-страница не се одговорни за каква било штета што може да произлезе од употребата на оваа Веб-страница.
Права на интелектуална сопственост
Материјалите прикажани на оваа Веб-страница, кои вклучуваат, но не се ограничуваат на, текстови, аудио содржини, видео содржини, слики, фотографии, илустрации, уметнички дела, датотеки за анимација и други графики, како и имиња, логоа, трговски марки и услужни марки се сопственост на Hisense или на неговите даватели на лиценци, и се заштитени со авторски права, трговска марка и други закони за интелектуална сопственост. Оваа страница може да биде прикажана, преземена и/или да се печати само за ваша лична, некомерцијална домашна употреба, под услов да нема бришење или менување на било кое лого, заштитен знак или друга форма на сопственост. Секоја друга употреба на материјалите на оваа Веб-страница без претходна писмена согласност на Hisense е строго забранета.
Податоци за производите
Податоците за производот и фотографиите прикажани на оваа Веб-страница се колку што е можно точни во моментот на објавување. Последователните подобрувања може да се забележат во споредба во реалниот производ. Цените и спецификациите се предмет на промена без најава. Одредена дополнителна опрема прикажана на фотографиите не е дел од производот, освен ако не е поинаку наведено. Потврдата и условите за гаранција може да варираат во зависност од производот, земјата и временскиот период.
Поврзани веб-страници
Оваа Веб-страница може да содржи хипертексни линкови до други целосно независни веб-страници. Hisense не гарантира или ниту дава било какви изјави во врска за точноста, комплетноста или автентичноста на информациите содржани во кој било линк со хипертекст. Постоењето на такви линкови не може да се толкува како директно или индиректно одобрување, поддржување, спонзорирање или партнерство со поврзаната страница на Hisense. Ве молиме, имајте предвид и забележете дека вашата употреба на оваа Веб-страница и линковите до други страници е целосно на ваш сопствен ризик. Вие, како посетител на оваа Веб-страница, прифаќате и се согласувате дека Hisense нема обврска да изврши увид на која било веб-страница поврзана со оваа Веб-страница и во никој случај не е одговорен на кој било начин за содржината на која била поврзана страницата. Овие веб-страници, линкови и услуги може да имаат сопствени политики на приватност и упатства за услуга на клиентите. Употребата и интеракцијата со која било друга веб-страница, вклучувајќи ги и страниците што водат до оваа Веб-страница, се предмет на таа веб-страница и на нејзините сопствени услови и правила.
Hisense го задржува правото да ги менува информациите содржани на оваа Веб-страница во кое било време без најава. Иако Hisense ги вложува сите разумни напори за да обезбеди точност на сите материјали објавени на оваа Веб-страница, точноста на податоците не може да се гарантира и Hisense не презема никаква одговорност за точноста, комплетноста и вистинитоста на сите информации содржани на оваа Веб-страница. Оваа Веб-страница и сите информации и материјали што ги содржи ви се дадени „како што се“ без никаква гаранција.
Нема понуди за продажба
Сите информации содржани на оваа Веб-страница се само за информативни цели и во никој случај не претставуваат понуда за купување или продажба на производи од Hisense. Набавката на кој било производ од Hisense треба да е предмет на условите во важечкиот договор за продажба или во договорот за малопродажба. Оваа Веб-страница не може да се користи, ниту пак да се потпирате на неа како на замена за податоци што ви се достапни од овластен продавач на Hisense.
Користете ја оваа Веб-страница на ваш сопствен ризик
Вие пристапувате на оваа Веб-страница на ваш сопствен ризик. Со посета на оваа Веб-страница и/или со пополнување на нашите формулари преку Интернет, вие се согласувате дека ќе бидете обврзани со сите применливи законски одредби утврдени во оваа Политика на приватност, како и сите важечки закони и регулативи. Ако не се согласувате со овие услови, не треба да ја користите оваа Веб-страница. Hisense го задржува правото да ја промени оваа Политика за приватност во кое било време без најава. Користејќи ја оваа Веб-страница, однапред се согласувате да бидете обврзани со сите услови и прописи вклучително и со оваа Политика за приватност. Hisense и страните вклучени во креирање, создавање и објавување на оваа веб-страница не се одговорни за какви било директни или индиректни, последователни, инциденти, казнени или какви било други видови на штети, загуби и трошоци (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на правни и стручни трошоци) што може да се појават како резултат на пристап до или неможност за пристап до оваа Веб-страница. Ова вклучува, покрај останатото, одговорност за штети или повреди што можат да се појават како резултат на користење на оваа Веб-страница, преземање на кој било материјал од неа или за форми на оштетување што може да бидат предизвикани од компјутерски вируси, дефекти на софтвер или хардвер или какви било други грешки, проблеми, падови или забавувања на компјутерското работење и на мрежното поврзување.
Контактирајте нѐ
Доколку сте жител на Република Северна Македонија, ве молиме сите прашања што може да ги имате во врска со заштитата на вашите лични податоци испратете ги до:
Дирекција за заштита на личните податоци
бул. Гоце Делчев бр. 18
1000 Скопје Република Македонија
Телефон: + 389 (2) 3230 635
Факс: + 389 (2) 3230 635