Сè е за вас
Паметните телевизори Hisense со оперативниот систем VIDAA овозможуваат брз, персонализиран и интуитивен пристап до вашите омилени серии и апликации, како што се Netflix, YouTube, FreeView Play и многу други. Напредната технологија и паметниот дизајн го следат она што го сакате и креираат содржина специјално за вас. Сè е насочено кон прилагодување на содржината по ваш вкус. Во суштина, сè е за вас.
VIDAA им обезбедува на своите корисници најдобра содржина од глобални и локални партнери
Оваа платформа нуди најголема и најневеројатна колекција на забава и апликации, комбинирајќи ги најдобрите врвни глобални и локални даватели на услуги. Сè што можете да истражите преку супериорно корисничко искуство и прилагодлив далечински управувач.
Неговата најсовремена технологија овозможува лесен пристап до содржината што е организирана во четири групи.
VIDAA ART
Претворете го вашиот VIDAA телевизор во уметничка галерија
Vidaa Art ја претвора вашата дневна соба во уметничка галерија. Зошто да се задоволите со вообичаениот црн екран кога можете да уживате во повеќе од 370 милиони оригинални уметнички дела од целиот свет? И сето тоа е достапно со притискање на едно копче за директен пристап од сите Hisense Vidaa телевизори со претходно инсталирана апликација DeviantArt.
VIDAA MUSIC
Тоа е музика за вашите уши!
Со најдобрите звучници и со систем за озвучување вградени во паметните телевизори со платформата Hisense VIDAA, вашиот телевизор станува ваш стерео. Во партнерство со YouTube Music и Deezer, ние ја носиме музиката во вашата дневна соба на начин на којшто треба да се слушне - остра, длабока и полна. Тоа е музика за вашите уши.
VIDAA SPORT
Сите сме фанови!
Сите сакаме да ги гледаме омилените тимови на најголемиот можен екран. Фудбалот, ракометот, хокејот, пливањето или екстремните спортови го најдоа своето место во Vidaa Sport, во партнерство со UEFA.TV, NBA, DAZN, FITE, Red Bull TV и многу други. Ваше е да обезбедите закуски и пијалоци, VIDAA ќе се погрижи за останатото...
VIDAA FREE
Врвен стриминг - бесплатно
Кој не сака бесплатни содржини? Во партнерство со најдобрите даватели на содржини ширум светот, VIDAA ви носи богатство на бесплатни содржини поддржани од реклами. Сè е на само еден клик од вас.