Најава / Регистрација
БЛОГ

Предности од користење на клима уред во зима

11.2.2021

Зимата доаѓа, но студот веќе е тука. И, иако постојат различни опции за греење на домот, не заборавајте дека клима уредот е дефинитивно една од нив. Проверете зошто клима уредот е одлична опција во зима.

hisense_ac_silentium_pro_ambient-900x500.webp

 

Заштедува енергија и (следствено) пари

Клима уредите ја пренесуваат енергијата од околниот воздух и ја ослободуваат на повисоко ниво на енергија. Затоа, тие користат само една третина од електричната енергија додека го добиваат остатокот од околината и додека температурата е над 0 ° C, тие се најекономичниот систем за греење.

Брзи резултати

Клима уредот започнува да ги загрева просториите за само неколку минути откако ќе го вклучите, додека на радијаторите може да им треба малку време да се загреат. Покрај тоа, клима уредот ви овозможува греете кога ви е потребно. Значи, ако живеете во станбена зграда, не мора да ја чекате грејната сезона, туку едноставно можете да го вклучите климатизерот и температурата во вашиот стан ќе биде пријатна и топола.

 

ac_energy_2019_ambiental-900x500.webp

 

Прецизна контрола на температурата

Иако зависи од вашите потреби и климата во која живеете, генерално се препорачува да се одржува внатрешната температура околу 18°C и 20°C. Во спалната соба, сепак, препорачаната температура за квалитетно спиење е околу 18°C (плус или минус неколку степени). Клима уредот ви помага да ја поставите точната температура и да ја одржувате според вашите потреби. Клима уредот Hisense дури доаѓа со посебна функција, која ви овозможува да ја сетирате не само температурата, туку и тајмерот. На овој начин клима уредот се вклучува и исклучува за временскиот период што сте го поставиле и на самата температура што ја сакате. Попрецизно достигнување и одржување на поставената температура, а со тоа заштеда на електрична енергија и време, е главно можно поради инвертер моторот. Инвертер клима уредите од Hisense, користат специјална технологија што може да ви помогне да ја намалите годишната потрошувачка на енергија за 30% и со тоа ефикасноста да ја одржувате на највисоко ниво и бучавата на најниско ниво.

Заштита од влага

Во зима, многу домаќинства се соочуваат со влага. Ова може да се забележи со кондензација на влага и формирање мали капки што се собираат на прозорците. Влагата може да предизвика поголемо ниво на грини и мувла, што може да создаде здравствени проблеми кај луѓето кои страдаат од алергии во затворени простории и астма. Клима уредот ја намалува влагата и затоа ви помага да го одржувате вашиот дом и здравје во подобра состојба. Hisense клима уредите дури и ви овозможуваат да ја контролирате не само температурата, туку и влажноста, насоката на проток на воздух и волуменот на воздух. И за да ви помогнe да го одржувате вашиот дом во најдобра состојба дури и кога сте далеку, клима уредот има посебен режим на греење. Оваа програма ја одржува температурата на 8°C и го штити вашиот дом од каква било штета што може да биде предизвикана од студ додека ве нема повеќе подолго.

 

BACK TO TOP