Најава / Регистрација
БЛОГ

Дозволете ни да ве забавуваме – новата серија на Hisense телевизори за 2023 година

10.5.2023


Новата серија на Hisense телевизори за 2023 година е тука за да заземе централно место во вашиот дом. Од големите екрани со напредна ласерска технологија, кои стануваат централен дел на вашата секојдневна забава, до моќни уреди приспособени кон специфичните потреби. Hisense е тука да остави трага во историјата на домашната забава.


Семејна филмска вечер со чувство на домашно кино

Да го почнеме редот со главната ѕвезда. Ласерскиот телевизор на Hisense е извонреден, голем и дефинитивно мора да го купите. Испразнете го ѕидот во Вашата дневна соба, бидејќи би сакале овој голем екран од 100 или дури 120 инчи да биде поставен на централно место во Вашиот живот. Можеби изгледа како елегантна рамка за фотографија, но во комбинација со извонредниот ултракраток ласерски проектор TriChroma 4K нуди извонредно доживување при гледањето. Замислете си домашно кино без расправа околу планирањето на аглите на проекција, засенчувањето на просторијата или балансирањето на звукот. Сè што ви треба излегува од една кутија и може да ја поставите во која било просторија што ја сакате, дури и во најсветлата, бидејќи екранот што ја одбива амбиенталната светлина ги надминува дури и најдобрите традиционални телевизори.

Дали знаевте дека ласерскиот телевизор на Hisense е најпријатната за очи технологија за телевизор досега? Светлината од проекторот се рефлектира од екранот, не директно во вашите очи, правејќи ја помека, поприродна и полесна за вашите очи. Поздравете се со прекумерното гледање и филмските маратони без замор за очите!

Ќе се вљубите во револуционерната технологија за ласерски телевизори развиена од Hisense. Од живописните бои на Dolby Vision и извонредното доживување при гледањето, до звукот Dolby Atmos и најновите апликации за паметен телевизор, откријте за што сè е наменет ласерскиот телевизор.

Доживејте потполно искуство со втопување


Без разлика дали сакате светли шарени документарци за природата, темни и мрачни трилери или уживате во брзото темпо на спортските настани во живо, новата серија на телевизори на Hisense 2023 оди над линијата и подалеку, за да ви овозможи совршено искуство.

Категоријата Mini-LED ULED телевизори ја подобрија мини лед-технологијата која ги носи LED-екраните на следното ниво, со детали што го одземаат здивот и со спектакуларни контрасти кои навистина оживуваат во тие темни филмски сцени. Сега навистина може да видите што се случува во мрачниот подрум или во шумата во темната ноќ за време на највозбудливите сцени на хорор-филмовите.

Категоријата Mini-LED ULED ги вклучува водечките серии UXKQ (65'' и 85''), U8KQ (55'', 65'' и 75''), U7KQ (од 55'' до 100'') и U6KQ (55'' и 65'').

Целата серија се напојува со Hi-View engine на Hisense кој постојано го оптимизира искуството на гледање со анализа на ниво на рамка во реално време за оптимално аудио-визуелно патување, а исто така работи со зголемување на резолуцијата и со подобрување на бојата во 4K. Надградениот Hi-View engine X (серија UXKQ) е дизајниран дури и да симулира модели на човечки мозок, на учење, анализирање и оптимизирање на искуството при гледање, со најдобри резултати досега.

Телевизор кој го следи Вашиот ден


Цртани филмови за појадок, уживање во омилената сапунска опера додека ги извршувате домашните обврски и киновечер на каучот? Еден телевизор е сè што ви треба. Неверојатниот телевизор OLED A85K се одликува со вртлив држач што може да ја следи Вашата дневна рутина. Едноставно свртете го телевизорот на Вашиот пат и сè е подготвено. Со OLED боја, тотално HDR решение и бескрајност на точки (Infinite Blacksy), може да бидете сигурни дека квалитетот на сликата ќе биде на соодветното место. И со вградената функција WiSA Ready може лесно да поврзете дополнителни звучници без нови кабли. Совршен за љубителите на музика.

Од телевизор до монитор со најдобар квалитет

Барате телевизор што може брзо да се префрли на висококвалитетен монитор? Без разлика дали работите на дело во рамките на некаква прекрасна визуелна уметност, Вам Ви треба моќен екран за уредување филм или сакате во целост да уживате во авантурата со Вашата омилена видеоигра, Хајсенс сигурно ќе Ве покрие. Телевизиските поставки на Hisense QLED ја носат најефикасната технологија Quantum Dot Color, за светли, прецизни бои во неколку милијарди нови нијанси и импресивни нивоа на осветленост. Со брзи поврзувања и порти за лесен пристап може да ги користите телевизиските апарати како извонреден монитор. И благодарение на интуитивниот оригинален оперативен систем VIDAA и функцијата за паметна телевизија може да се префрлите на ТВ-програмата во секое време.

Категоријата QLED ги вклучува сериите A5KQ (32'' и 40''), A7KQ, E7KQ и премиумот E7KQ PRO (од 55'' до 85'').

Зборувајќи за игрите…

Не сте сигурни која ТВ-технологија е најдобра за Вашите потреби?

Истражете ги разликите и извонредните карактеристики на ТВ-технологиите на Hisense >>

BACK TO TOP