Најава / Регистрација
НОВОСТИ

Hisense клима уредите се гаранција за чист и здрав воздух во домот!

13.07.2020
MK_Hisense_klima_uredite_se_garancija_cist_zrak_CMS-900x500px.webp


Прочитајте ја целата објава на inovativnost.mk.

Обезбедувањето на чист воздух во домот е императив за секое семејство кое посветува внимание и грижа за здравјето. Hisense клима уредите  со својата најнова технологија и комбинацијата од филтри, активно го прочистуваат и освежуваат воздухот од прашина, бактерии, издувни гасови, хемикалии и други штетни супстанци кои влијаат на здравјето на секој човек. На македонскиот пазар овие клима уреди ги носи компанијата Горење, која од 2018. година е дел од семејството на глобалниот технолошки лидер Hisense, кинеската корпорација за производство на телевизори, апарати за домаќинство, системи за климатизација и паметни мобилни телефони со 50-годишна традиција.

Hisense клима уредите имаат одлична технологија за прочистување на воздухот на повеќе нивоа, овозможена од пет филтри низ кои поминува воздухот. Оваа технологија гарантира висок квалитет на воздухот, а секој од филтрите има функција да овозможи подобар и поздрав воздух во домот. Тоа се витамин Ц филтер, филтер со катехин, филтер со сребрени јони, оптички каталитички филтер, ХЕПА филтер и арома филтер.

Како функционираат овие технологии?
 

  • - Филтерот со активен јаглен овозможува најдобра апсорпција на честички и
      непријатен мирис. Овој филтер има јаглен кој покрај честичките, фаќа и хемикалии,
      издувни гасови и чад од цигари и е совршено решение да го апсорбира и да го
      отстрани непријатниот мирис во домот
  • - Филтер со катехин, што е екстракт од зелен чај,  поради ефектите на оксидација
      и стерилизација се додава во филтрите, Активните ензими создаваат јадро на бензен,
      кое апсорбира непријатни мириси и штетни материи во атмосферата. Филтерот со
      катехин ги пресретнува и ефикасно и долгорочно ги стерилизира честичките од
      прав. Неговото антибактериско дејство уништува повеќе од 95% од бактериите.
  • - ХЕПА филтер е високоефикасен филтер, кој зафаќа 80% повеќе честички од
      прашина од класичните филтри, овозможува посвеж и почист амбиентален воздух.
  • - Арома филтероте дополнителна заштита што дистрибуира пријатна миризба во
      воздухот, која ги релаксира сетилата.
  • - Филтерот со сребрени јони е многу ефикасен за стерилизација и ефикасно го
      запира ширењето на бактериите.
  • - Филтрите со витамин Ц обезбедуваат дополнителна заштита што
      овозможува исклучително чист воздух кој е здрав за кожата, не предизвикува
      чешање, ја прави помека и го намалува стресот, истовремено обезбедувајќи
      терапевтски придобивки.
  • - Филтри со сребрени јони кои ги ловат нечистотиите од воздухот и ги
      елиминираат бактериите за да обезбедат почист воздух во просториите.


Hisense клима уреди

BACK TO TOP