Најава / Регистрација
НОВОСТИ

На вистински пат: Апаратите за домаќинство произведени во Србија се добитници на престижната награда за одржливост

Вторник, 14. Март 2023

Групацијата Hisense во последните пет години користела 38 проценти помалку вода и 24 проценти помалку електрична енергија за производство на апарати за домаќинство.

Hisense Europe, производител на апарати за домаќинство под брендовите Hisense и Gorenje од Србија, Словенија и Чешка, го доби сребрениот медал EcoVadis.

EcoVadis оценува над 100.000 компании, во повеќе од 200 различни индустрии и 175 земји, а сребрениот медал го става Hisense Europe во категоријата на оние компании кои веќе работат денесза да  имаат минимално влијание врз локалната и глобалната средина која ќе ја заштитуваат во иднина.

ecovadis-logo-900-500.webp

Одржливост, една од примарните цели

Со своите брендови Hisense и Gorenje, Hisense Europe постави амбициозни цели за одржливост фокусирани на пет клучни области, вклучувајќи животна средина, одржливи производи, одржлив синџир на снабдување, луѓе и општествена одговорност, како и нови бизнис модели. Овие цели вклучуваат намалување на потрошувачката на енергија преку оптимизација на обновливите извори на енергија, зголемување на употребата на рециклирани материјали во производите, намалување на отпадот, промовирање одржлив транспорт и подобрување на одржливоста на синџирот на снабдување.

Фокусот на компанијата на одржливост е очигледен и во нејзините напори да рециклира 96% од создадениот отпад, да користи 100% рециклирана амбалажа до 2024 година и да ја намали емисијата на CO2 која произлегува од транспортот.

Производи кои помалку ѝ штетат на животната средина

Компанијата веќе некое време работи многу активно на намалување на јаглеродниот отпечаток, вклучувајќи ја потрошувачката на енергија за време на производството, материјалите што се користат во производите и нивниот животен век, како и процесите на пакување и транспорт.

Во овие области, Hisense Europe постигна значителен напредок во изминатите пет години со намалување на потрошувачката на вода за 38 проценти и намалување на потрошувачката на електрична енергија за 24 проценти.

Апаратите за домаќинство Hisense и Gorenje се направени од еколошки здрави и разградливи материјали и се подложени на ригорозни тестирања за да се продолжи нивниот животен век. Важен аспект е и достапноста на резервни деловии лесното сервисирање на производите.

hisense-news-eco-2-900-500.webp


Поголема општествена одговорност

EcoVadis го применува процесот на проценка и евалуација на одржливоста не само на еколошките, туку и на социјалните и етичките перформанси на компаниите. Hisense Europe со брендовите Hisense и Gorenje, исто така, доби сребро за нејзината посветеност на промовирање на етичките деловни практики, како што се создавање еднакви можности за сите и воспоставување култура на споделување знаење.

Инвестирањето во личниот и професионалниот развој на вработените е еден од клучните приоритети. Според тоа, во Hisense Europe, вкупниот број на часови за обука во 2021 година беше повеќе од 136.000, што е 20 часа по вработен. Една од нивните цели е да промовираат важна рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот и активниот начин на живот.

„Одржливоста е во сржта на нашите вредности и ќе продолжиме да работиме напорно за да го намалиме нашето влијание врз животната средина и да ја промовираме општествената одговорност. Овој сертификат е големо достигнување и ние сме горди што сме дел од EcoVadis заедницата“, изјави Хансон Хан, извршен директор на Hisense Europe.

Hisense Europe со своите брендови Hisense и Gorenje ќе продолжи да работи на одржливост и етички деловни практики, секогаш стремејќи се да го подобри и позитивно да влијае на општеството и животната средина.

BACK TO TOP