Најава / Регистрација
НОВОСТИ

Hisense - официјален партнер на UEFA EURO 2024™

06.09.2023

Горди сме што можеме да објавиме дека Hisense стана официјален партнер на Европското фудбалско првенство 2024 година – UEFA EURO 2024™.

Ова е трет пат по ред како Hisense е официјален партнер на овој еминентен турнир кој се одржува на секои четири години.

UEFA-hisense-novica-900x500-new.webp

 

17-тото издание на Европското првенство на UEFA ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули 2024 година. Натпреварите ќе се играат на импресивни стадиони низ Германија: Берлин, Минхен, Дортмунд, Гелзенкирхен, Штутгарт, Хамбург, Дизелдорф, Келн, Лајпциг и Франкфурт.

Како официјален партнер на UEFA EURO 2024™, Hisense ексклузивно ќе промовира широк спектар на производи од различни категории: телевизори, апарати за домаќинство, мали апарати за домаќинство и клима уреди. Може да очекувате забележителна промоција на лице место на сите стадиони, на дигиталните медиуми на UEFA, фан зоните и секако, одлична изложеност на брендот за време на ТВ преносот.

Европското фудбалско првенство на UEFA е вториот најгледан фудбалски турнир во светот, така што ова партнерство го зајакнува препознатливоста на брендот. Инвестирањето во спортот е една од клучните маркетинг стратегии на Hisense. Со текот на годините, Hisense се приклучи на различни тимски спонзорства и спонзорираше големи спортски настани, меѓу кои и FIFA World Cup Qatar 2022™.

BACK TO TOP