Најава / Регистрација
НОВОСТИ

Откријте што ги поврзува паметните екрани, оперативниот систем и иновациите во Hisense

1 септември 2023 година

Презентацијата на Hisense „ПОВЕЌЕ ОД ТЕХНОЛОГИЈА“ ќе ви покаже како изгледа домот на иднината, достапен за секого!

Германија, 1 септември 2023 година - Hisense, глобална корпорација за потрошувачка електроника, како водечки партнер на овогодинешниот IFA саем во Берлин, го отвори овој многу значаен настан со главната презентација на Фишер Ју, претседател на Hisense Group Holdings Co., Ltd.

Фишер Ју одржа говор на тема The Scenario-driven Future of Tech и вети дека компанијата ќе продолжи да носи иновации за сите и да се фокусира на висококвалитетен раст и внатре и надвор од домот. Ју, исто така, ексклузивно откри дека Hisense ќе биде официјален партнер на UEFA EURO 2024™ по трет пат по ред.


Hisense
постигна извонреден успех со проширување на своето работење на глобално ниво, така што компанијата сега е присутна во 160 земји и е втор најголем производител на телевизори во светот.

Со користење на дисплеи за поврзување интегрирани мрежи со Cloud услуги и обезбедување персонализирани услуги преку пристап заснован на сценарија, Hisense воспостави силен технички систем: екрани, оперативен систем и платформа. Во иднина, Hisense планира да ја прошири својата мрежа на екрани и континуирано да гиподобрува својот систем VIDAA OS и платформата ConnectLife. Исто така, компанијата ќе работи на подобрување на персонализираните услуги и сеопфатното искуство на клиентите.


Покрај најновите производи, изложени се и некои од технологиите на Hisense, вклучувајќи ги и оние за подобрување на квалитетот на сликата, оперативниот систем VIDAA и ConnectLife. Платформата ULED X ги поместува границите на квалитетот на сликата благодарение на возбудливите иновации како што се оптичкиот систем Hi-Light, чипсетот Hi-View Engine X и врвните компоненти на дисплејот Obsidian. VIDAA OS гоподигнува нивото на стриминг содржини со напредни функции и хардвер достапен за секого. ConnectLife се фокусира на потребите на корисниците за здравје, удобност и заштеда на енергија, обезбедувајќи им широк опсег на можни употреби и услуги, вклучувајќи паметни кујни, паметна енергија, паметни услуги, паметно прочистување на воздухот и паметна нега.


Hisense, исто така, разви нова генерација дигитален Laser engine (LPU) користејќи своја сопствена технологија. Новиот LPU е во состојба прецизно да ја контролира светлината во наноскала, постигнувајќи широк спектар и прецизна корекција и прикажување на бојата.

Како да го пронајдете Hisense на IFA 2023 година

Hisense ги поканува сите посетители на IFA 2023 да му се придружат на брендот на нивниот импресивен штанд.

IFA 2023 се одржува во комплексот Messe Berlin, Messedamm 22, 14055 Берлин, Германија. Настанот е отворен од 10 до 18 часот, од 1 до 5 септември 2023 година, а можете да го посетите Hisense во сала 23а. Добредојдовте!

BACK TO TOP