Најава / Регистрација

Новости

ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ: Легендарниот Икер Касиљас се приклучи на кампањата BEYOND GLORY UEFA EURO 2024 на Hisense

24.05.2024

По Мануел Нојер, компанијата Hisense ги здружува силите со поранешниот шпански репрезентативец и голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас. Две легенди на европскиот и светскиот фудбал ќе бидат големо засилување на компанијата Hisense во кампањата BEYOND GLORY за претстојното UEFA EURO 2024.

Hisense_Iker_Casillas_all_category_16-9_900x500.jpg.jpg

Познат по своите спектакуларни одбрани, Икер Касиљас важи за еден од најголемите голмани на сите времиња. Како глобален амбасадор на Hisense, тој ќе ја поддржи кампањата и новата линија на производи, истакнувајќи го успехот и освојувањето на европските титули.

Задоволство ми е да соработувам со компанијата Хисенсе и да се приклучам на кампањата BEYOND GLORY, чиј фокус се токму голманите“, објасни Касиљас. „Репутацијата на голманот се заснова на неговата сигурност. Драго ми е што Hisense ме покани да бидам глобален амбасадор и да претставувам компанија чија иновативна технологија навистина го подобрува животот на луѓето“.

За време на натпреварот домаќинот Германија ќе биде во центарот на вниманието, а Hisense како официјален партнер на UEFA EURO 2024 ќе ја подигне атмосферата со турнејата Hisense BEYOND GLORY. За време на турнејата, Hisense ќе ја прикаже иновативната технологија на телевизиските екрани која обезбедува совршено искуство за гледање натпревари, и ќе ги претстави најновите паметни апарати за домаќинство. Навивачите кои ќе ги посетат петте градови домаќини на турнејата ќе имаат можност да ги тестираат своите голмански вештини со низа предизвици и да ги погледнат на лице место новите телевизори и апарати за домаќинство на Hisense. Икер Касиљас во живо ќе се приклучи на фудбалската треска и ќе се сретне со навивачите за време на Hisense BEYOND GLORY турнејата во Франкфурт.

Кампањата BEYOND GLORY е дел од третото по ред UEFA европско првенство чиј глобален партнер е Hisense. Новата соработка е исто така огромна можност за брендот Hisense да продолжи да се поврзува со потрошувачите ширум светот.

BACK TO TOP