Најава / Регистрација
БЛОГ

Нема веќе место за фрлање храна во корпата за отпадоци

24.03.2025

Користете ги паметните функции за ладење на Hisense за одржливо складирање

Сите сме се нашле во слични ситуации – копајќи низ фрижидерот само за да најдеме бајата зелена салата, урда со поминат рок или свенат, полупотемнет, полузбрчкан лимон кој се крие во задниот дел на фрижидерот. Фрлањето храна буди непријатно чувство, не само поради потрошените пари туку и поради непотребниот отпад што го создаваме.
Како гласи добрата вест? Неколку едноставни навики може да сторат огромна разлика во тоа колку долго може да траат вашите намирници. Прочитајте ако сакате да научите како да заштедите пари, да го намалите отпадот и да го олесните планирањето на оброците. 
П. С. имајќи го вистинскиот фрижидер, каков што е комбинираниот фрижидер со голем капацитет на Hisense, RB5P410SSFC, може да ја подигнете вашата игра за складирање на намирниците во фрижидерот на повисоко ниво.

cooling-1-no-food-trashcan.webp


Најдете простор за секој производ

Секогаш бидете сигурни дека можете да видите сè што има во вашиот фрижидер. Одличен трик претставува концептот да се има стратегија за складирање во фрижидерот. Секогаш да се знае каде да се стават млечните производи, месото, зеленчукот или пијалаците. На овој начин веднаш ќе знаете со какви резерви располагате, а потребен е само еден брз поглед. Комбинираниот фрижидер на Hisense, RB5P410SSFC претставува фрижидер со голем капацитет, кој ви овозможува поголем капацитет за складирање зафаќајќи ист простор како и еден стандарден фрижидер од 60 см. Станува збор за огромен капацитет од 413 литри за уредно складирање на сите продукти – нема веќе пренатрупаност и поттурнување на продуктите во празните агли на фрижидерот.

А со дизајнот на полиците со длабочина од 60 см, фрижидерот може да се вклопи во речиси секој кујнски простор без да се загрози стилот или функционалноста на кујната. Со јазот од само 2,5 мм од двете страни и со јаз од 5 мм на врвот, подобрениот дизајн на шарките овозможува лесно отворање на вратата над 105°, што ви овозможува целосен пристап до фиоките.

big-capacity.webp


Користете проѕирни садови и специјални фиоки, рамни платформи и полици во фрижидерот, што ќе ви помогне во одржување на уредноста. Исто така, пред да се упатите во продавница, погледнете уште еднаш во вашиот фрижидер за да избегнете купување на некои производи кои веќе ги имате. Управувањето со фрижидерот станува уште полесно со користење на апликацијата ConnectLife – со која може да ја контролирате и да ја приспособите температурата на фрижидерот од кое било место, осигурувајќи се дека вашата храна е свежа во кое било време.

Мало намалување на температурата

Дали знаевте дека месото, морските плодови и производите траат подолго кога се чуваат само на малку пониска температура? Свежата кутија од 0°C работи како посебна зона во фрижидерите на Hisense со цел совршено да ги одржува најрасипливите предмети подолго време. Спроведовме свои тестови – говедското месо, зеленчукот и туната останаа совршено свежи седум дена, додека поцврстото овошје, како јаболката, ја задржа својата совршена свежина во текот на неверојатни 40 дена. Никогаш повторно нема да брзате да го искористите сето она што сте го купиле за неколку дена, што значи дека може да држите резерви од храна и поретко да ја посетувате продавницата.

fresh-box.webp


Обезбедете совршена средина

Постојаната ладна средина помага во спречување на прераното расипување на храната. Нерамномерното ладење и топлите точки во фрижидерот може да предизвикаат некои видови храна побрзо да се расипуваат, така што одржувањето на постојана циркулација на воздухот и спречувањето на таложењето на мразот создаваат магија кога станува збор за продолжување на времето на чување на складираните продукти. Metal Tech ладењето на Hisense, што подразбира заден ѕид од нерѓосувачки челик, обезбедува рамномерна дистрибуција на ладен воздух без речиси никакви температурни флуктуации, што може да доведат до побрзо расипување на храната. 

Без разлика колку се обидувате да бидете педантни, дури и во најсовршени услови, храната може да изгние. Можеби е оштетена, или валкана сте ја складирале право од продавница. Секогаш проверувајте дали има расипана храна во фрижидерот и веднаш отстранете ја, бидејќи мувлата и другите закани за свежината што демнат од процесот на гниење може да се рашират. Освен ако немате фрижидер-замрзнувач од Hisense, RB5P410SSFC со антибактериска фиока која го спречува растот на бактериите и на габите, одржувајќи ја храната совршено безбедно. 

Внимавајте на влажноста

Дали некогаш сте се прашале зошто некои зеленчуци траат неколку недели, додека други венеат за неколку денови? Тајната е во контролата на влажноста. На лиснатиот зеленчук му е потребна висока влажност за да остане крцкав, додека зеленчукот како пиперките и авокадото се одржуваат во подобра состојба при помала влажност. Функцијата за одржување на свежа крцкавост со помош на влагата (Moisture Fresh Crisper) во комбинираниот фрижидер на Hisense, RB5P410SSFC ви овозможува да го приспособите нивото на влажноста врз основа на она што го складирате, помагајќи им на производите да останат свежи без да венеат или да ги загубат хранливите материи. 

Длабоко замрзнување за подоцнежна употреба

Замрзнувањето е еден од најдобрите начини за намалување на отпадот, бидејќи може да ја чувате вашата омилена свежа храна или дури и јадењата подготвени за оброците подолго време. Но, важно е како ги замрзнувате! Наместо само сешто да нафрлате во замрзнувачот, производите треба брзо да ги ставите на замрзнување на ултраниски температури. Брзото намалување на температурата ги замрзнува витамините, хранливите материи и вкусовите, така што вашата храна ќе има исто толку свеж и деликатесен вкус и по одмрзнувањето. Функцијата за длабоко замрзнување на комбинираниот фрижидер на Hisense брзо ја намалува температурата на –28°C, што го прави вашето складирање во длабоко замрзнување брзо, лесно и ефикасно. 

deep-freeze.webp


Додадете неколку паметни навики во вашата рутина

Неколку мали промени може да направат голема разлика во тоа колку долго ќе трае вашата храна:

• Прво влегува, прво излегува. Ставете ги новокупените намирници зад оние кои поодамна сте ги купиле, за да ја потрошите храната пред да се расипе.
• Обележете ги остатоците од храната. Едноставна залепена белешка со датумот може да ве спаси од играњето на играта со погодување „дали е ова сѐ уште добро?“
• Складирајте паметно. Чувајте ги билките во тегла со вода, завиткајте го сирењето во пергамент-хартија и чувајте ги печурките во хартиено кесе за да им ја продолжите трајноста.

Подготвени сте да го направите складирањето на вашата храна поодржливо? Дознајте повеќе за комбинираниот фрижидер на Hisense со голем капацитет, модел RB5P410SSFC.

BACK TO TOP