БЛОГ

Освежителни рецепти и уште поладно складирање

30.07.2025

Обезбедете си освежителни залаци и голтки при рака со Hisense PureFit  фрижидерите

Летни грицки – и благослов и проклетство. Вашата прва мисла во еден жежок летен ден? Најверојатно, сладолед. Ние не ви судиме, ние, исто така, сакаме сладолед.
Но, решивме да се обидеме да пронајдеме поздрави опции за избор (кои се, исто така, навистина вкусни) и ги собравме нашите неофицијални експерти во канцеларијата за да направат темелно истражување (посветено прегледување на виралните рецепти на Тикток) и да пронајдат некои вкусни, ладни задоволства, кои би ги задоволиле вашите желби за освежување, а воедно, да ги држат вашите летни бикини-цели на вистинскиот пат.
Пред да се нафрлиме на рецептите, запознајте го вашиот доверлив летен помошник. Фрижидерот на Hisense, Hisense PureFit, е дизајниран за да ја одржува вашата храна во најсвежа состојба, пијалаците совршено ладни и, во исто време, да ја претвори вашата кујна во една елегантна софистицирана ѕверка. Дизајниран е беспрекорно да се вклопува со повеќето стандардни шкафови со минимален меѓупростор за да ја задржи вашата естетика недопрена, додека неговите подобрени карактеристики го носат вашето летно грицкање на сосема ново ниво на вкусување и освежување. 
INT_Cool_recipes_and_even_cooler_storage_Image2.webp
 
Во ред, а сега рецептите...

1. Залачиња од замрзнат јогурт со бобинки

Овие вкусни залачиња се насекаде на нашата страница „За вас“. Бобинки, грчки јогурт и темно чоколадо се совршен спој! Брзи за подготовка и забавни за грицкање, залачињата од замрзнат јогурт и бобинки се совршени за топлите летни денови. Функцијата за длабоко замрзнување Deep Freeze на вашиот Hisense фрижидер брзо ќе ги излади залачињата, задржувајќи ги хранливите материи и свежината. И, очигледно, најважниот дел, оваа функција значително го намалува времето на чекање за да може да се ужива во нив.
 
Состојки:
  • 1 филџан грчки јогурт
  • 1 лажица мед
  • свежи бобинки по ваш избор (исечкани)
  • 50 g темно чоколадо (+ ½ лажица кокосово масло за топење)
На плехот поставете хартија за печење. Измешајте ги јогуртот, медот и сечканите бобинки. Со лажица направете мали (во форма на колачиња) парчиња од смесата врз хартијата за печење. Ставете го плехот во вашиот Hisense замрзнувач и изберете го режимот за длабоко замрзнување. Почекајте додека десертот не се замрзне, а потоа потопете ја едната страна во стопено темно чоколадо. Замрзнете ги повторно и уживајте. 
 
Направете голема количина и складирајте ги колачињата во сад погоден за замрзнување. Фрижидерот на Hisense со замрзнувач на долната основа има простор за сите ваши потреби, а со Convert функцијата лесно можете да го претворите делот од замрзнувачот во ладилник доколку ви треба повеќе простор за ладење.  

2. Вода со вкус на краставица и нане

Кога ви треба брзо освежување, водата со вкус е совршена за одржување на високо ниво на хидратација. А од друга страна, пак, таа е толку вкусна. Зголемете го дневното внесување на вода со овој збогатен со вкус пијалак, едноставен за подготовка, а уште полесен за складирање, благодарение на повеќенаменскиот сад за пијалаци на Hisense. Кога приготвувате повеќе шишиња одеднаш, послужавникот ги одржува уредно организирани и секогаш подготвени за земање.
 
Состојки:
  • 1 краставица (тенко исечена)
  • 1 лимета (тенко исечена)
  • свежи листови од нане (неколку стебленца)
  • 3 литри ладна вода
Лесно издробете ги листовите од нане во дланката и ставете ги во голем бокал. Додајте краставица и парчиња нане и дополнете со вода. Ставете го бокалот во фрижидер и оставете го да отстои најмалку 1 час. Префрлете ја збогатената со вкус вода во помали шишиња со широк отвор. Додајте некои од ароматичните состојки во секое шише за да продолжи впивањето на вкусот во водата. Чувајте ги шишињата во садот за пијалаци на Hisense за да ви бидат секогаш при рака кога ќе почувствувате жед.

 

INT_Cool_recipes_and_even_cooler_storage_Image2.webp


3. Салата со фета-сирење и лубеница

Кога летните жештини ја достигнуваат највисоката точка, нема ништо подобро за грицкање од свежо овошје и зеленчук. Тие се совршена нискокалорична ужина, а подготвени со малку креативност, претставуваат вкусен оброк. Фрижидерите на Hisense, Hisense PureFit, имаат сад за одржување на свежината на 0 °C (0 °C Fresh Box) која работи како посебна зона за одржување на идеални услови, овошјето и зеленчукот да останат свежи подолго време, и со тоа помага во задржувањето на сите витамини. Може да ги одржувате вашите оброци свежи и шарени без да се грижите дека вашите свежи состојки ќе се расипат за само неколку дена. 
 
Состојки:
  • 2 филџани лубеница (исечкана на коцки)
  • ½ краставица (исечкана на коцки)
  • 5 свежи ливчиња нане (исечкани)
  • 5 свежи ливчиња босилек (исечкани)
  • ½ филџан фета-сирење (изронето)
  • сок од лимета
  • маслиново масло
  • сол
Измешајте ги сите состојки во еден голем сад. Добро промешајте и додајте ги состојките според вашиот вкус. 
INT_Cool_recipes_and_even_cooler_storage_Image3.webp
 
Оваа закуска може да ја јадете без други додатоци како целосен оброк (салатата е веќе самата по себе вкусна) или може да ја послужите како додаток на вашата следна забава со јадења подготвени на скара. Шарената и сочна салата е неверојатна – дури и на луѓето што не јадат салати им се допаѓа.
Искористете ги добро функциите на вашиот Hisense PureFit фрижидер за да се подготвите за летната шема. Продолжете со истражување на целиот асортиман на Hisense.
BACK TO TOP