БЛОГ
Еден свет, еден екран
20.05.2025
Доживувањето на мигот на FIFA Club World Cup 2025™
Возбудена публика што влегува на стадионот, тензијата на првиот шут и ревењето на навивачите што станува сè погласно со секој гол ‒ ова лето светот нема само да гледа фудбал, туку и ќе го чувствува. Со долгоочекуваното FIFA Club World Cup 2025™ собирајќи ги 32-та најдобри клуба од целиот свет, навивачите се подготвуваат за повеќе од само фудбалски натпревари, тие очекуваат моменти што ќе продолжат да живеат долго по последниот свиреж.
Како официјален партнер на турнирот, Hisense се гордее што помага да се донесат тие среќни и возбудливи моменти дома. Значи, дури и ако сè уште не сте одбрале омилен тим, имаме цела постава подготвена за да го освоите моментот каде и да сте.
Таму каде што шампионите ги среќаваат шампионите
FIFA Club World Cup 2025™ не е обичен турнир. Тоа е местото каде што најголемите светски клубови се соочуваат со предизвикот на блескавата титула. Од европски гиганти до јужноамерикански легенди и глобални аутсајдери, ова е шанса за секого да докаже дека е најдобар. А Hisense е токму таму, во срцето на акцијата, како официјален партнер на овој нов глобален формат.
Желни сме да ви понудиме повеќе од обично спонзорство. Создаваме прослава на споделена страст и технологија што го воздигнува секој момент на искуството. Исто како и тимовите на теренот, Hisense го носи својот најдобар резултат на светската сцена. Подготвени сме да го претвориме секое искуство на гледачите во незаборавни моменти.
Подгответе се да се нурнете во фудбалското лудило
Оваа спонзорска врска целосно ви е посветена вам. Навивачите од целиот свет, кои сакаат да го доживеат возбудувањето од секој натпревар, без разлика каде и да се наоѓаат. Замислете ја вашата дневна соба полна со пријатели, напнатоста расте додека вашиот тим се бори за победа. Hisense 100’’ U7 PRO телевизорот ја осветлува просторијата при секое додавање, секој старт, секој гол со хиперреалистични детали. Публиката на стадионот ечи низ звучниците. Се чувствувате како да сте токму таму, на трибините, заедно со илјадници други навивачи кои ги бодрат играчите од срце, заедно со вас.
Единствената разлика? Имате Cross Door PureFlat фрижидер со паметен екран само неколку чекори до вас, полн со пијалаци и закуски за одржување на расположението на високо ниво. И Energy Pro X клима уред кој тивко и паметно реагира на моменталната топлина — автоматски се приспособуваа за да ја одржува просторијата совршено ладна, за да можете да останете фокусирани на натпреварот, а не на далечинскиот управувач.
Планирате поголема забава за гледање? Преместете ја забавата надвор, во дворот, со мини C2 проекторот на Hisense и вистински уживајте во натпреварот како во специјална кино-вечер. Со живописни бои и со длабок контраст, проекторот ќе ве вовлече во акцијата ‒ исто како да гледате некој филм на големото платно.

Повеќе натпревари, повеќе мигови за паметење
Ако копнеете по повеќе фудбал, ние сме тука. Ја одржуваме возбудата на високо ниво со тоа што гордо го поддржуваме и финалето на UEFA Nations League во 2025 година и UEFA Under-21 Championship. Бидејќи без разлика дали станува збор за идните ѕвезди на теренот или за меѓународни легенди, ние во Hisense сме посветени да бидеме токму во средиштето на најлудите натпревари. И секако, да ви помогнеме да го доживеете најдоброто искуство додека гледате.
Затоа, подгответе се да почнете со следење на најинтензивниот летен фудбалски маратон со вашите омилени апарати на Hisense. Моментот е ваш, направете го да биде легендарен.
Посетете ја онлајн-продавницата на Hisense, за да истражите повеќе од официјалната постава на Hisense за FIFA Club World Cup 2025™.
