Најава / Регистрација
НОВОСТИ

FIFA+ и Hisense ќе ги забавуваат навивачите во текот на FIFA World Cup Qatar 2022™ со лансирањето на FIFA World Cup Daily, by Hisense

17. Ноември 2022

FIFA World Cup Daily, by Hisense ќе се емитува секој ден од FIFA фестивалот на навивачи (FIFA Fan Festival™) во Доха.

Домаќини на емисијата ќе бидат Каролина Де Мораес, Мајкл „Тимбси“ Тимбс и Рејчел Стрингер.  

Познати личности, креатори, инфлуенсери и легенди ќе бидат дел од оваа емисија, која ќе ги спои глобалните анализи со локалното известување на 32 репортери од секоја земја учесник на FIFA светското првенство.


FIFA+ со гордост го објавува лансирањето на FIFA World Cup Daily, by Hisense
, емисија која ќе се емитува секој ден директно од FIFA Fan Festival™ во паркот Ал Бида во Доха, здружувајќи ги познатите личности, репортерите, инфлуенсерите и легендите за да ги резимираат дневните натпревари.

За да ја потенцира важноста на FIFA светското првенство, емисијата ќе заземе револуционерен глобален и локален пристап кон прикажување на натпреварите, дополнувајќи ги натпреварите и извештаите со оригинална содржина од 32 креатори, по еден од секоја земја учесник на ова првенство. 

Емисијата ќе ја води тим од искусни спикери предводени од Каролина Де Мораес (Евро спорт и Би-Би-Си), Мајкл „Тимбси“ Тимбс (COPA90) и Рејчел Стрингер, поранешна водителка на EA Sports FIFA Global Series.

Во секоја епизода која трае 25 минути, емисијата ќе ја користи и обемната архива на FIFA+, истакнувајќи некои од најголемите и незаборавните моменти од минатите светски првенства; ќе се прикажуваат предизвици во живо на сетот и однапред снимени предизвици кои ќе ангажираат дури и случајни гледачи на фудбалот и ќе им овозможи на гледачите инсајдерски поглед на FIFA Fan Park™ во паркот Ал Бида во Доха.

Директорката за стратегија и дигитална комуникација на FIFA и FIFA+ Шарлот Бур, рече: „FIFA+ настојува да креира нови искуства за навивачите, а FIFA World Cup Daily, by Hisense, секако ќе го овозможи тоа. Со тоа што се емитува директно од FIFA Fan Festival™ во Доха и ја комбинира локалната содржина со глобалната анализа, создава целосен интересен приказ на првенството, а истовремено ќе ги ангажира и забавува сите што гледаат дома.“

Емисијата е прикажана од Hisense, официјален спонзор на FIFA World Cup Qatar 2022™, и со тоа ја продолжува долгорочната врска на брендот со FIFA.

„Ние во Hisense сме огромни фудбалски навивачи и знаеме дека две работи се вистинити“, рече Алекс Жу, потпретседател на Групацијата Hisense и претседател на Hisense International. „Прво, љубителите на фудбалот не можат да се заситат од FIFA светското првенство, поради што сме среќни да им го донесеме на нашите потрошувачи најдобриот, сеопфатниот и најлесниот пристап до програмите на FIFA светското првенство.

„И второ, љубителите на фудбалот сакаат содржина што е единствена за нив, за нивните земји, за нивните тимови, за нивната култура. Тоа што креаторите од целиот свет ни помагаат да ги снимиме овие магични моменти, ќе му помогне на Hisense на своите гледачи да им го обезбеди врвното искуство во следење на натпреварите од FIFA светското првенство“.

BACK TO TOP