НОВОСТИ
Hisense е меѓу светските лидери на пазарот на телевизори
Среда, 13. Септември 2023
Со квалитетни и паметни технологии, Hisense телевизорите се истакнаа како еден од омилените брендови на потрошувачите ширум светот.
Трет квартал по ред, Hisense е на второто место по обем на испораки на пазарот на телевизори, според официјалното истражување на OMDIA Report.
Така, Hisense го потврди својот континуиран успех, откако веќе се најде на второто место по обем на испораки на телевизори на глобално ниво, во истиот период од 2022 година.
Hisense ќе продолжи да ја зајакнува својата позиција низ светот нудејќи висококвалитетни и технолошки напредни телевизори по цени прифатливи за најголемиот број потрошувачи. Овој пристап, и покрај предвиденото слабеење на глобалниот пазар за 2023 година, ќе овозможи континуиран раст во сите клучни сегменти од деловното работење на Hisense.
Секогаш со најдобрите
На неодамнешното FIFA World Cup Qatar 2022™, Hisense привлече големо внимание на брендот и на своите телевизори и на другите производи во асортиманот, што ќе продолжи да го прави на претстојното првенство UEFA EURO 2024™, на кое Hisense е трет последователен глобален партнер.
Од ласерски телевизори за заштеда на енергија до еколошки иницијативи ширум светот, Hisense е посветен на инвестирање во иновации и производи кои се поодржливи и поеколошки.
Hisense отсекогаш градел пазарен успех и постојан напредок врз основа на бескомпромисниот квалитет на сите свои производи, особено телевизорите, опремени со модерни и значајни иновации. Тие им нудат на клиентите можност да бидат во центарот на она што го гледаат, но и чекор понапред од сите, кога станува збор за паметната технологија – како да се таму.