50U7QF

50U7QF

Серија: U7QF Тип: ULED Smart TV 50U7QF Дијагонала на екранот (inch): 49,5 in Дијагонала на екранот (cm): 125,7 cm Максимална резолуција: UltraHD 38420x2160 Звучна технологија : Dolby Atmos Кориснички интерфејс: VIDAA U4.0
печатете
печатете
споделете
Facebook
Twitter
превземи
превземи

Карактеристики

_products/features/icon-Dolby Vision™ HDR

Оживување на забавата со ултраживописна слика

Dolby Vision™ HDR

Dolby Vision™, напредната HDR-технологија инспирирана од кинотехнологијата, ја прави вашата домашна забава помоќна и подраматична. Во споредба со стандардната слика, Dolby Vision може да испорача досега невидени бои, осветлување со до 40-пати посветли и десетпати потемни тонови. Резултатот е рафинирана, жива слика која ќе ве натера да заборавите дека гледате во екран.

_products/features/icon-VIDAA SMART OS

VIDAA SMART OS

Во Hisense знаеме дека нашите потрошувачи сакаат едноставно и беспрекорно искуство од забавата. Со цел да ги исполни и да ги надмине очекувањата на корисниците, нашиот меѓународен тим работи на VIDAA U Smart TV OS повеќе од десет години. Со помош на визионерството, тие поставуваат трендови, а тимот успеа да создаде паметна, интуитивна и персонализирана платформа за содржина. Со комбинирање на најдобрата содржина од врвните глобални снабдувачи со содржини со најпопуларното локално програмирање, можеме да понудиме најубедлив начин за гледање телевизија, на целата ваша омилена содржина, и да ги поедноставиме напорите за пребарување, со цел вистински да уживате во неа. Запознајте ја најновата VIDAA U4.0.

_products/features/icon-Извонреден звук со Dolby Atmos®

Звукот што ве става во центарот на приказната

Извонреден звук со Dolby Atmos®

DOLBY ATMOS® овозможува ULED телевизорот да ве внесе во извонредно звучно искуство во вашиот дом, без разлика дали станува збор за некаква забавна емисија, игра или спортски натпревар што се пренесува во живо. Звукот во движење е голем напредок во однос на стерео звукот, па дури и во однос на сараунд звукот. Ќе се чувствувате како да сте вклучени во дејството бидејќи звуците од луѓето, на местата, од предметите и музиката, оживуваат со реализам што го одзема здивот и се движат низ целиот простор. Сеопфатниот звук создава поцелосно, пореално искуство, што ве става во центарот на дејството.

_products/features/icon-Слеан дизајн

Извонредно искуство од гледање телевизија, изведено на елегантен начин

Слеан дизајн

Едно парче од фин метал незабележливо е завиткано преку задните рабови на екранот, така што нема непотребни, визуелни прекини помеѓу вас и вашето искуство при гледањето телевизија.

_products/features/icon-USB-влезови

Уживајте во омилената забава преку едноставна USB-врска

USB-влезови

Уживајте во драматичноста и во возбудата од омилените филмови, музика и фотографии, преку USB. Само вклучете го вашиот USB-флешуред во телевизорот и подготвени сте да гледате широк спектар на содржини, со еден едноставен чекор.

_products/features/icon-HDMI мултимедиуми

Богат мултимедиумски центар за забава

HDMI мултимедиуми

Телевизорите Hisense поддржуваат низа HDMI влезови, што ви овозможува да создадете центар за мултимедиумска забава токму во вашиот сопствен дом. Сè што треба да направите е да ги поврзете HDMI изворот – компјутерот, ДВД плеерот, конзолата за игри – со вашиот телевизор, за да ги видите сите видови содржина од низата уреди.

_products/features/icon-Супер контраст

Супер контраст

Кога Hisense UHD телевизорот прима сигнал, тој ја анализира содржината и го подобрува контрастот автоматски, приспособувајќи ја сцената за супериорна слоевитост. Импресионирајте се од деталните потемни тонови и од посветлите белини, што овозможува домашно театарско искуство кое навистина е возбудливо.

_products/features/icon-Засилувач на длабочината

Анализирање на содржината за да се постигне супериорна слоевитост

Засилувач на длабочината

Технологијата на Hisense со засилувач на длабочината (Depth Enhancer) ја анализира секоја слика и автоматски ги приспособува нивоата на динамичниот контраст. Понатаму, тој додава разликувачки слоеви на контрастот во заднината, во средишниот дел и во преден план, за да создаде зголемена длабочина на полето на целата слика. Ова резултира со подраматично искуство при гледањето телевизија, со добро дефинирано чувство за растојание. Сега можете да гледате еден ветровит пат кој води кон завеана планина со јасни контури, со јасно дефинирани гребени и врвови.

_products/features/icon-4K резолуција

Редефинирање на јасноста за најфините детали

4K резолуција

4K телевизорот на Hisense дава 4K-квалитет на сликата на четирипати повисока резолуција, во споредба со телевизорите FHD. Гледајте ги омилените емисии, нурнете се во најновите филмови или одушевувајте се во секој момент од најинтересните игри. Обезбедете си Hisense 4K телевизор кој ќе ве вовлече точно во центарот на акцијата.

_products/features/icon-UHD AI зголемувач на резолуцијата

Зголемување на содржина без 4K елемент

UHD AI зголемувач на резолуцијата

UHD AI зголемувачот на резолуција ги подобрува сигналите што не се во 4K квалитет за да се постигне резолуција близу до 4K што резултира со моќни детали, овозможувајќи ви да уживате во квалитетот на сликата како со 4K-резолуција, дури и при стандарден FHD-сигнал. Наместо едноставно четирикратно зголемување на секој пиксел, Hisense UHD AI засилувачот на резолуција калкулира со боите на соседните пиксели и автоматски ги компензира со примена на соодветно обоени пиксели, сцена по сцена.

_products/features/icon-Hi-View™ Engine

AI-моќна оптимизација, сцена по сцена

Hi-View™ Engine

Оваа комерцијална технологија на AI овозможува брза графичка обработка. Ги приспособува внатрешните параметри во реално време за да ги оптимизира квалитетот на сликата и целокупното искуство од гледањето телевизија. Користејќи алгоритми на AI, механизмот одделно запира, анализира и се приспособува на секоја сцена, на секој пиксел, според неговите уникатни карактеристики. Гарантира најдобра слика и најјасно движење, низ целиот спектар на содржината што ја гледате.

_products/features/icon-Потполно локално затемнети тонови на екранот

Подлабоки темни тонови и посветли светли тонови по целиот екран

Потполно локално затемнети тонови на екранот

Потполно локално затемнетите тонови на екранот го зголемуваат контрастот на сликата со контролирање на секоја зона преку добро уедначеното задно осветлување. Управувањето со задното осветлување на целиот екран резултира во рамномерно оптимизирана слика со подлабоки темни тонови и со посветли светли тонови. Сето ова резултира со посоодветно и подинамично искуство при гледањето телевизија.

_products/features/icon-Ултразатемнување

Ултрафино поставување за детален контраст

Ултразатемнување

Hisense телевизорите работат на напреден алгоритам за анализа на приемниот сигнал, кој му помага да одлучи дали и како да ги прераспредели светлите и темните бои на сликата. Со примена на различни криви на контраст во различни области на сликата, во зависност од видот на содржината, ултразатемнувањето (Ultra Dimming) динамично ги рафинира сликите за да овозможи подобри детали и побогати слоеви и низ светлите и темните бои.

_products/features/icon-Quantum Dot Colour (Бои со квантни точки)

Преку една милијарда нијанси на живописна боја, со прецизност

Quantum Dot Colour (Бои со квантни точки)

Технологијата на квантната точка му овозможува на вашиот екран да репродуцира повеќе од една милијарда нијанси на боја, што резултира со поширок спектар на бои, повеќе сенки и повеќе нијанси. Замислете мазна градација од светло розова до длабоко бургундска боја или азурно сино небо што бледнее на хоризонтот. Може да ги интерпретира и да ги изрази оригиналните поставки на кинематографот без напор, со поголема палета и со попрецизни градации.

повеќе функциипомалку функции

Важни технички информации

Подолу ќе ги најдете сите технички детали за производот, како што се димензиите и слично.

  • 125,7 cm

    Дијагонала на екранот (cm)

  • 49,5 in

    Дијагонала на екранот (inch)

  • UltraHD 38420x2160

    Максимална резолуција

  • 178 °

    Агол на видливост (H)

  • DLED

    Технологија на позадинско осветлување

  • 4000:1

    Контраст

Комплетни спецификации

Технички карактеристики

50U7QF

Серија: U7QF

Тип: ULED Smart TV

EAN Код: 6942147457764

Боја: Мермер бело

Боја на апаратот: Црна

Боја на основата: Сребрена

Материјал на основата: Метал

Перформанси на панелот

Сооднос на панел : 16:9

Дијагонала на екранот (inch): 49,5 in

Дијагонала на екранот (cm): 125,7 cm

Максимална резолуција: UltraHD 38420x2160

Агол на видливост (H): 178 °

Широк опсег на бои (WCG)

Oпсег на бои BT.2020: 77 %

Vsync фреквенција : 60 Hz

Контраст: 4000:1

Осветленост на слика: 450 нити

Технологија на позадинско осветлување: DLED

Функција локално затемнување

Подрачја на локално затемнување: Подрачјe на локално затемнување

Индекс на критериуми за слика (PCI): 2000

HDR технологија: HDR10

HLG технологија

Dolby Vision

Quantum Dot технологија

Унапредување на апаратот

Подигање на резолуцијата до Ultra HD

MEMC техника

Влезно заостанување во режим за играње: Помалку од 50 ms

3D дигитален филтер

Намалување на шум на MPEG

Намалување на шум на слика

Звук

Излезна јачина на звук: 2x10 W

Звучна технологија : Dolby Atmos

Кориснички еквилајзер

Dolby Atmos систем

Погодност

Медиа плеер: Звук, Слика, Видео

Кориснички интерфејс: VIDAA U4.0

Интернет

Важни апликации: Netflix, YouTube, Freeview Play, Rakuten TV, Maxdome, Chill, YouTube Kids, DAZN, RTVEA la carta, TIMVISION, VOYO, EON

Функција Anyview Cast

Функција Anyview Stream: DMP/DMR

Smartphone апликација: RemoteNOW

Приемник и карактеристики на телевизорот

Дигитален и аналоген тјунер: DVB-T2/T/C/S2/S

Родителска контрола

PVR функција: Да

Функција Time Shift: Да

Поврзливост

Стандарден интерфејс (CI+): V1.4

Број на USB (2.0) приклучоци: 2

Број на S/PDIF излези: 1

Број на аудио (L/D) влезови: 1

Број на RF тјунери: 2

Број на композитни (AV) влезови: 1

Број на мрежни RJ45 приклучоци: 1

Wi-Fi технологија: 802.11ac, dual-band/2.4G, 5G

Bluetooth

Eco & Power напојување

Фреквенција: 50-60 Hz

Енергетска класа: B

Потрошувачка на електрична енергија во режим на мирување: 0,5 W

Потрошувачка на електрична енергија при исклучен уред: 0,5 W

Максимална потрошувачка на електрична енергија во режим на работа: 190 W

Потрошувачка на електрична енергија во режим на работа: 126 W

Предвидена годишна потрошувачка на енергија: 184 kWh

Додатоци

Основа (LxW)-mm: 784X250

VESA стандард за монтажа на ѕид: 300x200

DMP формати

Поддржани видео формати: AVI, MP4, MKV, FLV, WMV, MOV, 3GP, MPG, MPEG, VOB, WEBM, OGM, WMA

Поддржани аудио формати: WMV, WMA, MP2, MP3

Поддржани формати на слика: JPEG, BMP, GIF, MPO

Тежина и димензии

Бруто тежина на апаратот: 12,8 kg

Нето тежина на апаратот со постоље: 13,1 kg

Нето тежина на апаратот: 17,8 kg

Тежина на металот во материјалот за амбалажа: 0,1 kg

Позиција на производот во амбалажата: Вертикално

Димензии на амбалажата (ШxВxД): 123,6 × 79 × 14,5 cm

Димензија на апаратот со основата: 111,2 × 25 × 70,4 cm

Димензии (ШxВxД): 111,2 × 64,5 × 7,9 cm

Максимална раздалеченост меѓу основите: 784 mm

Ширина на рамката - горна страна: 1,7 mm

Ширина на рамката - долна страна: 16,1 mm

Ширина на рамката - лева страна: 1,7 mm

Ширина на рамката - десна страна: 1,7 mm

Едно централно постоље

Криење на каблите во основата

Код: 20002874

EAN Код: 6942147457764

Прилози