Ние во Hisense веруваме дека сè што правиме треба да биде насочено кон правење на вашиот живот попријатен и поинтересен. Поради оваа причина, нашата цел е да ги направиме најновите технологии достапни за секого преку внимателно дизајнирани и професионално изработени производи.
Ги поместуваме границите на иновациите од 1969 година.
Веќе 5 децении сме посветени на иновациите во потрошувачката електроника. Денес сме бренд број 1 во сегментот на телевизори во Кина, Австралија и Јужна Африка и бренд број 2 во сегментот на фрижидери во Кина, со над 80.000 вработени во 54 компании и 12 центри за истражување и развој низ целиот свет. Сите со единствена цел да испорачаме високо квалитетни, технолошки напредни и достапни производи што го подобруваат животот на нашите клиенти.
Посветени сме на квалитетот.
Наша желба е да се за вљубите во вашиот Hisense апарат. Не само кога го купувате, туку и во наредните години - тоа е причината зошто квалитетот е исклучително важен за нас.
Нашиот строг процес за подобрување на квалитетот (QIP), посветеноста на услугата по продажбата, како и безгрижноста која ја дава нашата сеопфатна гаранција - сè е направено за да се чувствувате сигурни дека апаратот Hisense е вистинскиот избор за вашиот дом.
Иновации преку искуство.
Од 1969 година се обидуваме да ги поместиме границите на иновацијата, напорно работејќи на истражување и развој на апарати за домашна и лична употреба. Благодарение на таа заложба за развој и производство на најсовремена технологија, станавме еден од водечките светски производители на електроника и бренд број 1 за телевизори во Кина.