БЛОГ

5 најдобри летни филмови за гледање во ултрабоја

30.07.2025

Како новиот Hisense RGB-MiniLED UX придонесува вашиот стар телевизор да изгледа досадно

Се чувствувате полни со енергија од летен наплив на смелост? Сместете се удобно на вашиот кауч, во совршено оладената соба (благодарение на Hisense клима-уредот, се разбира) и гледајте го филмот што соодветствува на вашата енергија со богати бои и со незаборавни приказни. Но, ова е вистината – не сите телевизори се способни да ги репродуцираат смелите живописни бои на филмовите онака како што тие биле осмислени за гледање.

Направете место за сосема новиот Hisense телевизор: Hisense RGB-MiniLED UX. Со црвено, зелено и со сино осветлување во заднината, кое сега свети независно, овој модел се одликува со најживописните и најреалистични бои досега за врвно фасцинантно искуство.

Подготвени ли сте да ги откриете вистинските бои на едно совршено кинематографско поставување? Без разлика дали сте непоправлив романтичар во срцето или ви е потребен адреналин што ја пумпа крвта, ние сме тука за вас. Еве ги нашите 5 омилени летни филмови кои ги екплоатираат новите функции на Hisense RGB-MiniLED UX телевизорот до максимум. Дури и ако веќе сте ги гледале – дајте им шанса да ве импресионираат со сосема ново искуство на гледање.

 
ux_lifestyle_picture_16x9.webp

 

1. Барби (Barbie/2023)

Со блескава прослава на бои и самооткривање, Барби е повеќе од само „сè е во розова боја“ (иако филмот предизвика светски недостиг од розовата боја на Барби). Тоа е енергичен свет во бои на бонбона, преполн со мода, емоции и духовитост. Сценографијата е како надреален сон. Од неонски ролерки до естетика на куќата од соништата (дохо-мохо-каса), боите едноставно ве заплиснуваат в лице. 

Зошто треба да го гледате овој филм на Hisense RGB-MiniLED UX?

Барби живее во розов свет, но не во какво било розово. Хиперзаситувачкиот телевизор бара прецизна сепарација на боите, и тука заблескува RGB-MiniLED технологијата. За разлика од вашиот стар телевизор, овој користи индивидуално приспособливи црвени, зелени и сини LED-светилки за да испорача театарски амбиент на бои што се појавуваат на екранот. Барбиленд не претставува само светлина туку и полнотија од енергија и ентузијазам. 

2. Аватар: Патот на водата (Avatar: The Way of Water/2022)

Пронајдете го патот назад кон Пандора, но овој пат под брановите. Возбудливиот нов свет не е ништо друго, освен извонредност, исполнетост со биолуминисцентни морски суштества, бујни подводни пејзажи и со жив вител од хипнотизирачки нијанси. Создаден е за импресивно гледање на голем екран. 

Зошто треба да го гледате овој филм на Hisense RGB-MiniLED UX?

Длабоките сини и сјајните зелени нијанси на Пандора оживуваат во широкиот спектар на бои што колосалниот екран од 116 инчи може да ги репродуцира. Искомбинирајте го тоа со врвна осветленост од 8.000 нити и ќе добиете совршена длабочина и контраст, што овозможуваат секое бранување, одраз и зајдисонце, да чувствувате како да се случува во реалноста. Со Total HDR Solution и IMAX Enhanced, внесете се во приказната со живописни бои, богати детали и со стереозвук.

uxq_4._rgb-miniled_colour.webp

 

3. Дина: втор дел (Dune: Part Two/2024)

Впуштете се во филозофската научно-фантастична одисеја, длабоко во пустината. Моќта, пророштвото и револуцијата се испреплетуваат во волшебни визуелни ефекти и во раскажување приказни исполнето со тензија што ве влече во еден кинематографски свет изграден врз текстури и сенки. Острите и хипнотички визуелни ефекти играат клучна улога, што ја прави целата приказна уште порезонантна. 

Зошто треба да го гледате овој филм на Hisense RGB-MiniLED UX?

Од златни дини до темни ентериери, Дина е сè што претставува контраст и движење. Hi-View AI Engine X го оживува тоа со приспособување на секој кадар за да се истакнат текстурите, сенките и суптилните градирања. Исто како што тоа би го направиле тоа вашите очи во реалниот свет. А со приспособување на сценаријата со вештачка интелигенција AI Scenario Adjustment, секоја сцена останува совршено избалансирана. Загрижени сте дека вашата соба е премногу светла за совршено искуство? Технологијата Anti-Reflection PRO гарантира дека нема да се уништи таа совршена снимка од изгрејсонцето во пустината, дури и ако филмот го гледате во соба осветлена од сончева светлина.

 

4. Најголемиот шоумен (The Greatest Showman/2017)

Расположени сте за спектакл со пеење и танцување? „Најголемиот шоумен“ е возбудулива прослава на соништата, различноста и на блескавоста. Со елаборирана кореографија, врвни костими и со заводливи музички нумери, тоа е филм кој удира директно во срцето и никогаш не ве пушта. Чувствувате, пеете и танцувате во вашата дневна соба.

Зошто треба да го гледате овој филм на Hisense RGB-MiniLED UX?

На филмовите што репродуцираат аудитивно искуство, едноставно им треба звук со киноквалитет. Со системот со опкружувачки звук 6.6.2 CineStage X на Hisense RGB-MiniLED UX, Opera de Paris | Devialet, ќе го слушнете секој ритам, секоја хармонија и секој здив со просторна јасност. Изгледа како претставата да е преместена директно во вашата дневна соба.

uxq_8.audio_connection_clean.webp

 

5. Сè секаде одеднаш (Everything Everywhere All at Once/2022)

Подгответе се за диво, емотивно, а понекогаш и апсурдно возење низ алтернативни животи и бескрајни можности. Ако жанровски недефинираните мултиверзумски приказни се вашиот пакет, овој филм треба да се искачи на врвот на вашата листа. Неговите креативни визуализации, брзите монтажи и изливите на надреализам, ќе ви го задржат вниманието во секое хаотично возење, секоја апсурдна кунг-фу битка и во секој нежен семеен момент. Сè до последната сцена од шпицата.

Зошто треба да го гледате овој филм на Hisense RGB-MiniLED UX?

Брзите визуелни промени и спојувањето на стиловите во филмот се направени за препознавање на сценарија со вештачка интелигенција (AI Scenario Recognition), бидејќи таа автоматски ги приспособува поставките на телевизорот на секоја сцена, без разлика дали сте во канцеларија, во светот на фантазијата или во паралелен универзум полн со вџасени очи. Со Hi-Orchestra за непречени звучни транзиции на вашата аудиопоставеност и со екранот Infinity Vision од 116 инчи, кој ве влече длабоко во секоја дива реалност, ќе чувствувате дека секој универзум е голем и чудесен, каков што и треба да биде.

uxq_2.116_big_screen_clean.webp

Запознајте го новиот телевизор Hisense RGB-MiniLED UX во сета негова слава, во продавницата на Hisense. Тоа е телевизор со големи димензии за кој не знаевте дека ви е потребен. Сè додека конечно не видите како навистина треба да се почувствуваат боите.