Најава / Регистрација
БЛОГ

Одморете си ги вашите очи

28.02.2025

Придружете ѝ се на Hisense револуцијата во забавата пријатна за вашите очи


Дали некогаш сте се прашале зошто чувствувате дека вашите очи се толку уморни на крајот на денот? Одговорот е: од екраните. Се будите и почнувате да пребарувате вести на телефонот, брзо ажурирање на социјалните мрежи за време на патувањето до работа, а потоа бескраен број часови зјапајќи во екранот на компјутерот. Кога работата е завршена, се враќате на телефонот, а потоа навечер го вклучувате телевизорот. Звучи познато?

Еве ја веста, вашите очи чувствуваат замор што произлегува од вештачката сина светлина. Затоа Hisense ја усвои технологијата на нулта штетна сина светлина (a Zero Harmful Blue Light technology) во ласерските проектори – PX-серијата и C2-семејството на проектори, потврдени од TUV Rheinland, што ги препорачува како одличен избор за вас, особено ако сакате неограничено да ги гледате вашите омилени серии или да се нурнете во филмскиот маратон што се емитува длабоко во ноќта.

Што е тоа сина светлина?

Сината светлина е високоенергетска видлива светлина природно емитирана од сонцето, но исто така, присутна и во вештачките извори на светлина како што се LED-екраните, паметните телефони, телевизорите и други. Природната сина светлина од сонцето е корисна, бидејќи помага да се регулира нашиот циркадијален ритам, ја зголемува будноста и го подобрува расположението. Со едноставни зборови, ни помага да влеземе во секојдневната рутина, кажувајќи ни кога е време да бидеме будни и кога да заспиеме. Ако премногу сме изложени на вештачка сина светлина, овој природен ритам се нарушува, што резултира со напнатост на очите, проблеми со заспивањето и севкупна непријатност при продолжена употреба на екранот.

Нулта штетна сина светлина (Zero Harmful Blue Light) е новата норма

Технологијата на нулта штетна сина светлина (Zero Harmful Blue Light) на Hisense нуди извонредно решение, создавајќи можност да уживате во сите ваши омилени содржини без да ги напрегате очите или да бидете подложени на влијанието на какви било штетни ефекти. Оваа иновативна карактеристика на ласерскиот проектор на Hisense емитува ласерски извор на светлина на вашиот екран или на ѕидот, избегнувајќи директен контакт на очите со светлината, со што се елиминира отсјајот. Дополнително, проекторот користи специјализиран ласерски извор на светлина што содржи нулта штетна сина светлина, елиминирајќи ја штетната изложеност на сина светлина уште на почетокот. Ласерскиот проектор на Hisense ве наградува со неверојатни и живи визуализации додека трае вашето удобно визуелно доживување.
Нулта штетната сина светлина на Hisense е сертифицирана од TÜV Rheinland за ласерски киносерии PX3 и за ласерски мини проектори C2, што значи дека е опширно тестирана за безбедност и во согласност со сите видови барања и прописи. Може да верувате дека ласерската технологија на Hisense ги исполнува највисоките безбедносни стандарди за вашето здравје и за вашата удобност.

Безбедно за неограничено гледање на вашето омилено шоу дури и пред спиење

Без сина светлина на повидок, нема да го почувствувате вообичаениот замор на очите кога ќе гледате телевизија. Така, дури и по долгиот работен ден, ќе може да го гледате вашето омилено шоу и да се олабавите во посакуваната удобност на вашиот дом.
Надградете ја вашата дневна соба со ласерското кино PX3 на Hisense и ќе може да се потопите во живописните реалистични визуелни слики од Вашите омилени приказни. Извонредниот TriChroma LPU™ Digital Laser Engine, во комбинација со решението Total HDR, ќе ја надгради вашата домашна забава. Гледајте една епизода или цела сезона (нема да ви судиме), а вашите очи нема да трпат сувост и замор. Освен тоа, брзо може да скокнете в кревет, веднаш по гледањето, во квалитетен и добар ноќен сон.

1-px3_px3-pro_16-9_tuv-zero_harmful_blue_light_clean900.webp


Уште еден цртан филм? Зошто да не!

Со емисиите на нулта штетна сина светлина, ласерскиот проектор на Hisense е одличен додаток во собата за играње на вашите деца. Гледањето цртани филмови или играњето на нивната омилена видеоигра веќе не се толку штетни за очите. Бидете кул родител и дозволете им „уште 5 минути“ за нивната омилена забава.
Ласерскиот паметен мини проектор C2 е вистински дом на моќта – мал и пренослив, може да се приспособи на сите простории и површини. Големината на екранот може да се приспособи од 65'' до неверојатни 300'', за да можете да ја однесете од малата соба за играње, во просторот на искусување кино на отворено, гледајќи семеен филм што се емитува на големиот надворешен ѕид од вашата куќа. Поставувањето е толку лесно, бидејќи проекторот автоматски ги приспособува големината и боите на површината на екранот, па дури надминува и какви било други пречки за да ви подари совршена слика. Покрај тоа, работи со оперативниот систем VIDAA, што ви дава пристап до сите најпопуларни услуги за стриминг.

2-c2_c2pro_16-9_tuv-zero_harmful_blue_light-clean-900.webp


Број 1 бренд за ласерски телевизори во светот

Hisenseе вистински иноватор кога станува збор за забава. Како бренд број 1 за ласерски телевизор во светот*, тој продолжува да ги поместува границите на вчудовидувачки, но сепак достапни искуства. Од револуционерната TriChroma технологија и чистото филмско искуство во боја, до TÜV-сертифицирана нулта штетна сина светлина, секоја карактеристика на ласерскиот проектор е дизајнирана, земајќи ги предвид вашата удобност, вашето здравје и задоволството при гледањето.
Најдете го ласерскиот проектор што најдобро соодветствува на вашиот животен стил. Вашите очи ќе ви бидат благодарни и вашето време пред екранот никогаш нема да биде исто.
---
* Извор на Hisense Laser TV Global No.1: Omdia, Q1 2019 до Q4 2024, удел на единицата за глобални испораки на телевизор со предна ласерска проекција.

BACK TO TOP