БЛОГ
Hisense телевизорите конечно ја добиваат најбараната апликација за стриминг
19.09.2024
Чекањето заврши! Исполнета е една од најголемите желби на корисниците на сите Hisense телевизори - Max апликацијата за стриминг конечно пристигна на VIDAA платформата.
VIDAA, Smart TV платформата, во партнерство со Warner Bros. Discovery и Max услугата, на гледачите им овозможи пристап до богата библиотека на филмови, серии и документарни филмови од водечките продукции. Меѓу нив се HBO, Warner Bros. и Adult Swim, како и ID и DC Universe. Од 18 септември, Max е достапен на Hisense телевизорите во Македонија и секаде каде што е достапна Max услугата. Со интеграцијата Max и VIDAA, гледачите ќе уживаат во премиум содржина со интуитивен кориснички интерфејс. Апликацијата за стриминг Max е достапна на Hisense телевизори со верзија на VIDAA оперативниот систем U6 и U7.
Max, како водечка платформа за стриминг, ги нуди сериите на HBO House of the Dragon и The White Lotus, но и меѓу другите, филмовите на Warner Bros. Godzilla x Kong и Furiosa: A Mad Max Saga. Корисниците ексклузивно ќе ги гледаат сериите The Penguin (20 септември) и филмот Dune: Prophecy (ноември).
VIDAA е оперативен систем за паметни телевизори, кој на корисниците им нуди пристап до различни стриминг услуги, телевизиски канали во живо и апликации. Сè е достапно во единствена и лесна за употреба платформа. Ова партнерство ја крева домашната забава на сосема ново ниво, со пристап до најдобрата содржина директно од Hisense телевизорите.