Најава / Регистрација
БЛОГ

Како да користите клима уред во зима

13.1.2022

Зимата е тука, а исто така и студот. И колку и да уживаме да шетаме во зимската земја на чудата, да правиме Снешко, да скијаме и да се санкаме, нема ништо поубаво од тоа да се вратиме во топлиот дом и да се свиткаме под ќебето за да поминеме пријатна и топла ноќ внатре, во домот. Дали знаевте дека за да го постигнете  тоа, можете да го искористите клима уредот? За да ви покажеме зошто клима уредот е толку одличен зимски избор, дадовме неколку популарни одговори за користење на клима уредот во зима.

hisense_ac_energy_pro_ambient-900x500.webp

 

Дали секој клима уред може да го користите во зима?

Тоа зависи од вашата машина и од околината. Проверете го упатството за да бидете сигурни дека работата на клима уредот на ладно време е во ред и уверете се дека температурата не е под онаа што е наведена во упатството.

За што можете да користите клима уред во зима?

Ако вашиот клима уред располага со режим за затоплување, може да го користите за загревање на вашиот дом. Од друга страна, некои климатизери на Hisense, исто така, имаат и функција за свеж воздух. Со oваа функција, уредот зема свеж воздух однадвор, го носи преку слоевито прочистување и го распрснува низ вашиот дом.

Клима уредите исто така ја отстрануваат влагата од воздухот, но сепак не се толку ефикасни како одвлажнувачите. Ако сакате навистина да се ослободите од таа кондензација од внатрешната страна на прозорецот и да спречите појава на мувла во вашиот дом, можете да добиете Hisense клима уред што работи и како овлажнувач.

 

hisense_ac_comfort_ambient-900x500.webp

 

Како го користите клима уредот во зима?

Прво, проверете дали вашиот клима уред е поставен на режим за затоплување, поставете ја температурата и брзината на вентилаторот, проверете дека нема ништо што ги блокира вентилаторите за да можат рамномерно да ја распределат топлината и да ја активираат. Чувајте ги вратите затворени за да спречите загуба на топлина – особено ако не ја загревате секоја соба (иако се препорачува да ги загреете сите за да спречите појава на мувла). Држете ги затворени и прозорците, но имајте на ум дека сепак ќе треба да ги отворате секој ден околу 10 минути за да влезе свеж воздух. Повторувајте го ова еднаш дневно.

Која температура треба да ја поставите?

Се препорачува температурата што вашиот клима уред треба да ја постигне во вашиот дом во зима да биде околу 18°C и 22°C и помеѓу 20°C и 22°C доколку имате бебе. Истото се препорачува ако внатре чувате куче, иако тоа зависи и од неговата големина, од крзното и од расата. Без оглед на температурата што сте ја поставиле, намалете ја малку кога спиете. Најдобрата температура за спиење за повеќето возрасни е помеѓу 15°C и 20°C.

Дали е скапо да се користи клима уред во зима?

Ова зависи од вашите потреби, од околината и од цените во вашата земја. Но, клима уредите Hisense имаат функција iFEEL што ја намалува потрошувачката на енергија и ви помага да заштедите пари. Тоа го прави така што ја чувствува околната температура и ја приспособува, што резултира и со максимален комфор.

 

BACK TO TOP