БЛОГ
Совршените вкусови на пролетта
28.02.2025
Пробајте ги овие свежи рецепти на вашата плоча Hi6 на Hisense
Пролетта е најдоброто време да пробате нови лесни и освежителни јадења кои ги слават живописните бои и свежината на сезонските производи. Размислете за најлесно приготвениот вкусен залак, блескавите ароми и веселиот излив на свежи вкусови. Ако потполно се возбудивте, тогаш сте на вистинското место. Приготвивме неколку вкусни рецепти за домашната трпеза.
Со индукциската плоча Hi6 на Hisense, приготвувањето на овие јадења не подразбира вложување на каков било напор, тоа станува прецизна активност, а резултатот е изобилство на вкус. Без разлика дали варите деликатно ризото, топите чоколадо или го пржите вашето омилено месо, напредните функции на плочата Hi6 гарантираат дека секое јадење претставува ремек-дело.

Пролетно ризото со лимон, аспарагус и грашок
Нежен, кремаст и благословен со богатство од свеж пролетен зеленчук. Ништо не ја одликува пролетта како сјајниот вкус на грашокот, аспарагусот и лимонот. Со технологијата за нежно топлење (Gentle Heat Technology) на плочата Hi6, вашето ризото ќе биде приготвено до совршенство, без нерамномерно загревање или со тешкотии при усогласувањето на промените на температурата.
Состојки
• 200 г ориз за ризото (Arborio, Roma, …)
• 1 л зеленчукова супа
• 160 г свеж грашок
• 1 китка аспарагус (сечкан)
• 1 главичка кромид арпаџик (исечкан на коцки)
• 1 чешне лук (толчен)
• 50 г пармезан (рендан)
• 1 лимон (кора и сок)
• 2 супени лажици путер
• сол и бибер по вкус
1. Загрејте ја супата од зеленчук на страничната зона за готвење. Со автоматската програма за одржување на топлина (Warm) таа ќе остане совршено топла во текот на готвењето.
2. На главната зона за готвење поставете ја плочата на средна топлина и пржете ги кромидот и лукот на путерот.
3. Додадете го оризот и, мешајќи, пржете го една-две минути. Потоа, почнете со додавање на супата една по една црпка. Не дозволувајте оризот да се вари во садот без мешање. Често мешајте го. Продолжете со додавање на супата и гответе додека оризот не биде речиси готов. Оризот треба да се готви нежно и рамномерно со технологијата за нежно топлење.
4. Додадете ги грашокот, аспарагусот и сокот од лимонот. Гответе неколку минути додека сето ова не се загрее и не биде речиси сварено. Заокружете го приготвувањето на ова јадење со додавање пармезан и кора од лимон, а потоа додадете и сол и бибер по вкус.
Пржени јагнешки котлети со путер од билки
Вкусно и сочно главно јадење што ќе ги импресионира и најпребирливите љубители на храна. Испржете ги сите јагнешки котлети до совршенство, користејќи ја опцијата за Bridge Area што спојува две зони за готвење во една голема површина за готвење ‒ идеална за големи тави за скара.

Состојки
• 8 јагнешки котлети
• 3 супени лажици маслиново масло
• сол и бибер по вкус
• 3 чешниња лук (толчен)
• 3 супени лажици путер
• 1 супена лажица свеж рузмарин (сечкан)
• 1 супена лажица свежа мајчина душичка (сечкана)
• 1 супена лажица сок од лимон
1. Активирајте ја опцијата за Bridge Area плочата на Hisense Hi6. Земете голема тава за пржење и загрејте ја.
2. Јагнешките котлети зачинете ги со сол и со бибер. Додадете маслиново масло во тавата и пржете ги јагнешките котлети околу 3 до 4 минути на секоја страна. Оставете ги да добијат убава златнокафеава кора. Со лизгачите за повеќе зони може да ја приспособите температурата на зоната за готвење без напор и прецизно, за да го приготвите месото така како што треба.
3. Намалете ја топлината и додадете путер, тревки и сок од лимон. При крајот од приготвувањето, намачкајте ги котлетите со путерот од билки. Оставете го јадењето да отстои неколку минути пред да го послужите.
Чаши со бело чоколадо и со јагоди
Јагодите се олицетворение на пролетта. Ако можете да најдете свежо количество (оние кои мирисаат божествено дури и оддалеку), изматете го овој лесен мус од бело чоколадо и сите разгалете ги со овој десерт по вкусниот оброк.

Состојки
• 250 г тенки парченца бело чоколадо
• 330 мл полномастен шлаг
• 50 г шеќер во прав
• ¼ супена лажица екстракт од ванила
• 200 г свежи јагоди (сечкани)
• 2 супени лажици шеќер
• 2 супени лажици сок од лимон
• неколку ливчиња нане (сечкани)
1. Растопете ги заедно чоколадните парченца и 100 мл од полномасниот шлаг, непрекинато мешајќи. Автоматската програма: Топење (Melt) ќе ја задржи совршената температура, гарантирајќи дека чоколадото нежно се топи без прегревање или горење. Ова значи дека не треба да бидете на штрек ‒ само оставете ја програмата да ја заврши работата за вас и исклучете ја кога ќе останат неколку мали нестопени грутки. Продолжете со мешање, иставајќи го садот од плочата, додека сета смеса совршено не се стопи. Малку нека се олади.
2. Изматете го остатокот од полномасниот шлаг со шеќерот во прав и со ванилата, сѐ додека површината не стане крута.
3. Неколку големи лажици од изматениот шлаг внимателно додадете во белото чоколадо. Кога целосно ќе се измеша, прелијте го и преостанатиот изматен шлаг.
4. Ставете го мусот во чашите и ставете ги во фрижидер за да се стегне кремот.
5. Измешајте ги јагодите, 2 лажици шеќер, сокот од лимон и нането. Покријте ја смесата и ставете ја во фрижидер да отстои најмалку 30 минути. Овој чекор е целосно препуштен на вашиот избор, зашто едноставно може да користите само свежи сечкани јагоди.
6. Кога ќе се стегне мусот, прелијте го со јагодите и послужете го.
Плочата Hi6 на Hisense му вдахнува живот на пролетното готвење
Со своите паметни функции како Hood Sync за автоматска вентилација и Insta Detect за моментално препознавање на садовите за готвење за време од 0,2 секунди, индукциската плоча Hi6 на Hisense е дизајнирана да го направи готвењето лесно и пријатно. Секое јадење нека биде славење на вкусот и на свежината ‒ набавете ја вашата Hi6 плоча на Hisense токму сега.