Најава / Регистрација
БЛОГ

Пролет без кивање? Да, ве молам!

28.02.2025

Држете ги сезонските алергии што подалеку од вас со клима уредите на Hisense

Ох, радостите на пролетта – топли денови, расцутени цвеќиња, повеќе часови поминати надвор. Звучи совршено, само ако досадните алергии не би ви го уништиле денот. Со бујната зелена трева и со шарените грмушки, исто така, се случува и експлозија од полен, напади на кивање и постојана борба против чешање на очите и течење на носот. Целосна немоќ.

Иако престојот во затворен простор за време на врвот на сезоната на појава на алергии изгледа како најдобро решение, вистината е дека алергените автоматски нема да останат пред влезната врата. Секојпат кога проветрувате, ги сушите алиштата на воздух или дури и кога ќе се вратите дома од вашата дневна прошетка, тие мали, немирни уништувачи на забавата си замислуваат дека се поканети да влезат внатре.

Затоа вам ви треба ефикасен начин за борба против алергените во вашиот дом. Може да се одлучите за прочистувач на воздухот или, уште подобро, да инвестирате во нов клима уред од Hisense. Најновите Hisense клима уреди не само што го одржуваат вашиот дом ладен и свеж туку, со извонредната технологија, тие активно го подобруваат квалитетот на воздухот во затворените простории, помагајќи ви вам да дишете полесно и да уживате во пролетта без шмркање.

3-1-ac_2025_ambiental_bedroom-900.webp


Збогум на поленот, прашината, вирусите и на бактериите

Hisense клима уредите имаат HI-NANO технологија која ослободува високи концентрации на плазма јони во воздухот. Овие јони не помагаат само кога станува збор за појава на проблеми со алергени како полен, паразити од прашината и влакна од домашни миленици – тие, исто така, ги неутрализираат вирусите и бактериите, создавајќи поздрава внатрешна средина.

Како функционира сето тоа? Јоните се закачуваат за загадувачите и за микроорганизмите, лепејќи се на површините, и ги отстрануваат од воздухот што го дишете. Така, додека го ладите вашиот дом, воедно го намалувате и присуството на алергените, бактериите и на вирусите. И секогаш кога чистите, едноставно ги отстранувате и нив!

HI-NANO технологијата произведува двојно повеќе јони отколку стандардната технологија за јонизација, нудејќи поефикасен и посигурен начин да се обезбеди почист и поздрав воздух за вас и за вашето семејство.

3-2-hi-nano-900.webp


Не дозволувајте грипот да ве спречи

Сезоната на алергии го ослабува вашиот имунолошки систем, што ве прави посклони кон заразување со грип и со други вируси. Освен што ги неутрализираат загадувачите, Hisense клима уредите извршуваат уште една одлична задача, одржувајќи го чист воздухот во вашиот дом, без вируси и без бактерии. При стерилизацијата со високи ултравиолетови зраци (HI-UVC-стерилизација), клима уредите ја користат ултравиолетовата светлина, за да ги уништат бактериите и вирусите додека воздухот циркулира низ единицата. Ова додава уште еден слој заштита за вас и за вашето семејство од сезонски настинки, грип и од други закани за вашето здравје.

Дали мувлата ви предизвикува тешкотии?

Иако не станува збор за сезонска алергија, мувлата може да претставува голема закана за вашето здравје, предизвикувајќи иритации, воспаленија и болести. Особено во постари куќи или онаму каде што влажноста е постојано висока. Клима уредите на Hisense беспрекорно ги регулираат нивоата на влажност, борејќи се со мувлата во нејзиниот зародок. Намалувањето на вкупната влажност во вашиот дом значи отежнување на условите за појава и за виреење на мувлата.

Нема потреба од проветрување на вашиот дом

Како што рековме, отворањето на прозорците за да влезе свеж воздух, може да биде проблематично, бидејќи му го отворате патот на загадувачот, слободно танцувајќи, да влезе внатре. Клима уредите на Hisense користат технологија за свеж воздух (Fresh Air) која обезбедува постојан проток на чист воздух, збогатен со кислород, прочистен низ филтрите на единицата. Нема потреба да ги отворате прозорците за да излезе застоениот воздух. Сè што треба да направите е само да притиснете едно копче.

Секогаш може да внимавате на квалитетот на воздухот во вашиот дом преку екранот за квалитет на воздухот (Air Quality Display). Црвениот, жолтиот или зелениот индикатор ви овозможува ажурирања во реално време, сигнализирајќи ви вам кога е време да активирате поинтензивни функции за прочистување. За да ги направите сите операции едноставни, може истовремено да ја активирате и ConnectLife апликацијата и да имате целосна контрола врз клима уредот од далечина, преку вашиот паметен телефон.

3-3-air-quality-led-display-900.webp


Еве неколку дополнителни совети кои треба да ги имате на ум…

Клима уредите на Hisense се одлични за чистење на воздухот во вашиот дом и ја неутрализираат речиси секоја мала штетна честичка. Меѓутоа, ако алергиите ви предизвикуваат вистински проблеми, треба да преземете дополнителни мерки на претпазливост (бидејќи алергените исто така се лепат на вашата коса и на облеката):

• Преслечете ја облеката и истуширајте се штом стасате дома.
• Редовно мијте ја вашата коса.
• Почесто перете ја вашата облека и избегнувајте го нејзиното сушење надвор за времетраењето на сезоната кога алергиите го достигнуваат својот врв (наместо природно сушење, користете ја машината за сушење на Hisense)
• Употребувајте средство за плакнење на носот.
• Чистете ги подовите со правосмукалката на Hisense со ХЕПА-филтер.

Дали сте подготвени полесно да дишете оваа пролет? Почнете да уживате во ова годишно време со нов клима уред на Hisense кој го исполнува вашиот дом со чист, свеж и здрав воздух. Истражете го најновиот опсег на клима уредите и пронајдете го оној што ви одговара на вашите потреби.

BACK TO TOP