БЛОГ
Тајната зад моментот на намовнувањето
30.07.2025
Како Hisense и Devialet го подобруваат вашето искуство при гледањето
Не е само визуализацијата; не е само приказната. Тајната е во звукот.
Познато ви е чувството кога го гледате вашиот омилен филм. Музиката станува интензивна, дијалогот се спушта до шепот и одеднаш... намовнување. Срцето забрзано ви чука, лицето ви се приближува до екранот и можеби вашите дланки вклештено ја стискаат перницата малку повеќе од потребното. Тоа е совршено темпираната експлозија, крешчендо на постигнувањето на целта, длабочината во гласот на главниот лик што удира како тупаница и едноставно ве тера да извикате „Wow“.
Она што го чувствувате е резултат на одлчично направен звук. И токму тоа е она што Tuned by Devialet во телевизорите на Hisense* внесува во вашата дневна соба. Моменти што ве носат во средиштето на акцијата, преку границата од работ на вашето седиште.

Не е само погласно, туку и подлабоко
Сега јачината не е клучна. Зборуваме за присуството. Телевизорите и звучниот систем на Hisense, поставени од Devialet, француската куќа на аудиомоќта што се крие зад некои од најиконичните звучници во светот, се дизајнирани не само да го репродуцираат звукот туку и да го обликуваат.
Со деликатна калибрација, Devialet гарантира дека секој звук, секоја фреквенција и секое зуење се поставени на своето место. Може да го почувствувате татнежот на акционата сцена како ви удира во градите, а дијалогот во драматичниот момент е јасен и непосреден, како актерите да се токму таму, во собата, со вас. Вашето аудиоискуство ќе остане совршено дури и со текот на времето, со беспрекорно фино поставување и конфигурирање.

Филмовите како реалност
Да речеме дека гледате воен филм. Ги слушате хеликоптерите во далечината над вашата глава, непосредно пред да се појават на екранот. Чекорите се чувствуваат веднаш зад вас. Почнувате да станувате свесни за вашата околина ‒ затоа што тоа го прават инстинктите.
Чувството што штотуку го доживеавте се нарекува потопување. Со опкружувачкиот звук Dolby Atmos® и со динамичниот Hi-View Engine PRO, телевизорите на Hisense како ULED MiniLED 65U8Q и ULED MiniLED 65U7Q, ве вовлекуваат директно во центарот на акцијата. Технологијата MINI-LED носи богати контрасти и живописни бои на вашиот екран, додека звукот ве обвиткува, поставувајќи го секој акорд онаму каде што му е местото. Но, токму поставувањето на Devialet ѝ дава на целата сцена емоционална тежина, бидејќи создава простор, длабочина и интимност, со совршено приспособување на звукот за секоја сцена.
Фотографија:

Звуци го претставуваат она што го гледате
Не се тоа само грлен бас и атрактивни технолошки термини. Телевизорите на Hisense располагаат со звук регулиран со вештачка интелигенција во зависност од сценариото што го приспособува звукот кон она што го гледате. Романтична комедија? Го слушате секој здив и тивок шепот. Епски научнофантастичен филм? Експлозијата на ласери ќе се почувствува во живо, а не само гласно.
И ако сакате малку повеќе да го подобрите звукот, звучниот систем за домашно кино HT SATURN располага со дополнителни впечатливи карактеристики што ја претвораат целата просторија во едно импресивно звучно искуство. Технологијата Hi-Concerto, на пример, беспрекорно ги поврзува телевизорот и звучниот систем, така што тие функционираат како едно.
Ако некогаш некој филм ве натерал да плачете, да се радувате или да останете потполно без зборови, веќе ја знаете моќта на одличниот звук. Сега замислете го ова искуство засилено со одлично детално поставување, секоја вечер, во вашиот дом. Со телевизорите и со звучните системи на Hisense, забавата Tuned by Devialet се претвора во сосема ново искуство.
Откријте ја извонредната понуда на телевизори на Hisense Tuned by Devialet*.

И ако копнеете по уште посовршени звучни решенија за вашиот дом, останете „поставени“ (намерна игра на зборови), бидејќи во текот на оваа година ќе се појави новиот ласерски телевизор на Hisense L9Q, фино поставен од Opera de Paris | Devialet за неспоредливо акустично искуство.
* Функцијата Tuned by Devialet* може да се разликува во зависност од моделот. Кај некои модели, до оваа функција треба да се пристапи преку ажурирање на софтверот.