Најава / Регистрација
НОВОСТИ

Hisense на CES 2024 претстави нова ера на домашна забава и ТВ технологија

Среда, 7. Февруари 2024

Компанијата Hisense на најголемиот саем за потрошувачка електроника во Лас Вегас ја претстави новата линија на телевизори ULED и ULED X, иновативен ласерски телевизор и бројни други новитети кои ја редефинираат традиционалната улога на екраните во домот и надвор од него.


ЛАС ВЕГАС, јануари 2024 година - Hisense на CES 2024
, најголемиот саем за потрошувачка електроника во Лас Вегас, објави голем број нови производи и ја прикажа идната деловна визија.

Дејвид Голд, претседател на филијалата на Hisense во Америка, одржа еден од воведните говори на саемот CES 2024, во кој истакна дека Hisense ќе продолжи да ги поместува границите на технологијата на екрани, бидејќи тоа е она што и овозможува на компанијата да размисли повторно и да дизајнира нови сценарија во кои дисплеите и екраните се составен дел од најзначајните моменти. Сепак, Hisense сака да оди подалеку од тоа и да ја искористи синергијата на своите решенија и експертиза за да влијае на секојдневните моменти и да придонесе искуствата да бидат поубави и подобри.

„Hisense не произведува само екрани, нашата компанија создава различни сценарија и креира нови можности. Се зближуваме еден со друг со интегрирање на екраните и паметната технологија во секојдневниот живот, нудејќи искуства кои ги надминуваат рабовите на екраните и стануваат дел од приказните што ги живееме“, рече Дејвид Голд.


Револуционерна домашна забава

Иновациите на пазарот на дисплеи беа демонстрирани на штандот на Hisense на CES 2024 преку примери на специфични сценарија за производи и нови технологии, особено истакнувајќи ги револуционерните иновации на ласерските телевизори, модерните ULED телевизори и паметната платформа ConnectLife во соработка со VIDAA оперативниот систем на телевизорите.

Понудата на Hisense ULED за новата сезона, како и досега, одговара на потребите на гледачите во однос на квалитетот, перформансите и вредноста за парите. Во оваа линија на премиум телевизори е интегрирана и Mini LED технологијата, поради што Hisense ја надминува понудата на конкуренцијата, со што ја трансформира домашната забава и разновидноста на понудата за целото семејство.

Новата серија на Hisense ULED X телевизори ја предводи моделот 110UX, кој доби награда за иновација на саемот CES 2024, како и моделите 98UX и 75UX. Овие Mini LED телевизори, со дијагонала до 110 инчи (до околу 2,8 метри) доаѓаат со до 40.000 позадински зони и осветленост до неверојатни 10.000 нити. Hisense ULED X телевизорите постигнуваат квалитет на прикажувањето со новите X-Core Sensing и 16-битни Ambient Light Sensing PRO чипови кои заеднички ја менуваат перцепцијата на прикажаната слика, придонесуваат за повисоко ниво на детали и автоматски ги прилагодуваат квалитетот и осветленоста на екранот во однос на околината во која се наоѓа телевизорот. Квалитетот на звукот е подигнат со имплементацијата на Dolby Atmos FlexConnect технологијата и со повеќеканален аудио систем до 3.1.2 со кој се испорачуваат одредени модели.

 

BACK TO TOP