НОВОСТИ
Hisense телевизорите секоја година сѐ повеќе се купуваат
Среда, 7. Февруари 2024
Компанијата Hisense ја задржа втората позиција на светскиот пазар на телевизори, благодарение на зголемувањето на побарувачката во Северна Америка и Европа во исклучително силна конкуренција.
Компанијата Hisense го задржа второто место по обем на испораки на телевизори на глобално ниво. Во текот на 2023 година, според извештајот на институтот за истражување на пазарот AVC Revo, Hisense испорача речиси 26 милиони телевизори, иако изминатата година беше предизвик и вкупниот пазар падна за околу 5,5 проценти. Исто така, Hisense е единствениот бренд кој продолжи да расте шеста година по ред во исклучително силната конкуренција на топ 5 светски брендови на телевизори.
Компанијата континуирано ја проширува својата глобална стратегија и ги оптимизира деловните процеси во своите 34 индустриски паркови, преку 25 центри за истражување и развој и 66 производствени капацитети надвор од матичната земја. Поради тоа, во изминатата година, испораката на Hisense производите на странските пазари е зголемена за 12,2 отсто, а значителен пораст на испораките е забележан во северноамериканскиот и европскиот регион, каде што растот на Hisense е двоцифрен.
Благодарение на овој успех и за поддршка на растечкиот тренд, на почетокот на годината Hisense учествуваше на CES 2024 саемот во Лас Вегас и освен воведното предавање за експерти, медиуми и посетители, Hisense презентираше и нови производи, вклучувајќи го и ULED X и серијата на Laser TV, при што компанијата освои повеќе од 30 награди за иновативноста и перформансите на своите производи.
Годината што штотуку започна е и година на спортот, а како официјален спонзор на UEFA EURO 2024, Hisense ќе лансира нова генерација телевизори за да им овозможи на потрошувачите возбудливо искуство со игри и гледање. Со новите технологии и иновации, Hisense ќе ја продлабочи врската меѓу турнирот, навивачите и сите љубители на фудбалот, како и преку посебна спортска маркетинг стратегија.