ОПШТИ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ-ПРОДАВНИЦАТА НА HISENSE
Продавач
Име: „Друштво за внатрешна и надворешна трговија Горење ДООЕЛ Скопје“
Адреса: Бул. 8ми септември бр. 18/лок. 10, Скопје-Карпош
Телефон: 00389 (0)2 3088 150
Е-пошта: gorenje@gorenje.com.mk
Регистриран во Централен регистар на Република Северна Македонија: 0805-50/150120190034171
Матичен број: 4242319
Единствен даночен број: 4030991132016
Број на сметка: Име на банката:
210042423190149 НЛБ Банка АД Скопје
200000848232885 Стопанска Банка АД-Скопје
530010100144479 Охридска банка АД Скопје
Контакти на Интернет-продавницата на Hisense:
Е-пошта: gorenje@gorenje.com.mk
Телефонски броеви за Македонија: +389 (0)2 3062-199, +389 (0)2 2448-880
Работно време:
Понеделник - петок 09:00 до 20:00 ч.
(пауза 12:00 - 12:30 и 17:00 - 17:30)
Сабота 09:00 -15:00 ч.
(пауза 11:00 - 11:30)
- Неделата е неработен ден
- Не ce работи на државни празници
Цел на Продавачот:
Целта на продавачот е сите корисници на интернет-страницата да имаат еднакви услови, без дискриминација и во рамките на овие Општи правила и услови од понудата за продажба:
- продажба на исправни и безбедни производи во оригинално пакување на интернет, со детални инструкции и објаснувања и запознавање на клиентите со карактеристиките на производите на нивно барање;
- бесплатна испорака во Република Северна Македонија, во оригинално пакување до првиот влез на станбената или комерцијалната зграда или на друга веќе договорена адреса, во договорениот рок, договорениот квалитет, во договорениот износ, заедно со сите придружни документи: (декларација , упатството за користење и ракување со производите, гарантен лист и изјава за гаранција, сервисна мрежа)
- Сервисирање на купените производи во гарантниот рок и надвор од гарантниот рок.
Ако продавачот на одредени групи им понуди специфични услови (мајки, младенците, инвалидни лица, пензионери и др.), тие услови ќе бидат јасно прикажани.
Купувач:
Купувач на производот е секое полнолетно и деловно способно физичко лице кое ги купува понудените производи за свои лични потреби и за потребите на нивното домаќинство или правно лице кое купува производи исклучиво за сопствени потреби (апарати за домаќинство).
Договор во име и за сметка на малолетно лице и целосно деловно неспособно лице може да биде склучен од страна на нивните законски застапници или старатели. Делумно деловно способните лица можат да склучат договор само со согласност на нивниот законски застапник или старател. Ако се постапи спротивно на оваа одредба, Продавачот не е одговорен.
Купувачот кој не ги прифаќа овие Општи услови на работење и надлежноста на судот во Скопје треба да се воздржи од купување на оваа интернет-продавница и да купи производи во класичните продавници на „Горење Дооел Скопје“ според Правилата на овие продавници:
ИМЕ АДРЕСА
Продажен салон Горење – Карпош Партизански одреди 99 1000 Скопје
Gorenje Studio – Аеродром Видое Смилевски Бато 2б 1000 Скопје
Родова еднаквост:
Некои термини што се користат во овие Општи услови на работење за означување на машки или женски пол значат двата пола подеднакво и без дискриминација.
Предмет, содржина и измена на „Општи услови на работење“:
Овие „Општи услови за работење“ достапни им се на купувачите во секое време.
Со општите услови се уредуваат односите помеѓу купувачот и продавачот што е поврзано со условите и со начинот на нарачување на производот, со цената на производот, условите, рокот и начинот на плаќање, со условите за гаранција за исправност на продадениот производ (т.н. гаранција), со правата на купувачот на рекламација кон производот(-ите) и кон услугата на продавачот согласно законските прописи, доставувањето на производот (-ите), правото на откажување од договорот, раскинување на договорот, заштитата на личните и другите податоци, меродавното право и надлежноста на Основниот суд во Скопје 2 Скопје и другите значајни прашања за склучување договор за купопродажба преку интернет-продавницата.
Општите услови на работење на интернет-продавницата претставуваат составен дел на секој купопродажен договор склучен помеѓу Продавачот и Купувачот на овој начин.
Продавачот е овластен во согласност со својата политика на работење и без претходно објавување да ја измени содржината на општите услови, продажниот асортиман на производите, малопродажните цени и другите податоци поврзани со интернет-продавницата.
Ослободување на продавачот од одговорност во случај на промена на податоците:
Продавачот вложува максимален напор и се труди да обезбеди точност и ажурност во врска со податоците објавени на интернет-страницата. И покрај тоа, карактеристиките на производите, нивната состојба во складиштата и цените, може да се променат толку брзо така што продавачот не успева навреме да ги ажурира податоците на интернет-страницата.
Во тој случај, Продавачот, во најкраток можен временски рок, ќе го извести Купувачот за промените и ќе му овозможи откажување на нарачката или замена на нарачаниот производ.
Сите фотографии на производите на интернет-страницата на Горење ДООЕЛ Скопје се симболични.
Авторски, сопственички и други сродни права, право на употреба на лого:
Горење ДООЕЛ Скопје е овластено за употреба на логото на Hisense и за објавените содржини на интернет-страницата mk.hisense.com и му припаѓаат авторските и евентуално други сродни права во врска со сите содржини (текстови, слики, фотографии, скици, нацрти, аудио-видео снимки, итн. ...) објавени на интернет-страницата mk.hisense.com и на нејзините изведби/потстраници. Забрането е секакво репродуцирање, дистрибуирање, повторно објавување, преработување или ширење на тие содржини во комерцијални цели. Содржините објавени на наведената интернет-страница може да се репродуцираат само за некомерцијални цели, при што мора да се зачуваат сите наведени предупредувања за овластувањата, за авторските и за други сродни права.
Употреба на колачиња (cookies) на страницата на Интернет и на социјалните мрежи на Горење ДООЕЛ Скопје
Горење ДООЕЛ Скопје може да користи колачиња (т.н. Cookies) за собирање и обработување на корисничките податоци. Тие податоци се користат со цел да се соберат заеднички статистички податоци за корисниците, како и датумите и времето на нивното пристапување на социјалните мрежи и на страниците на Интернет. Во случај кога податоците собрани преку колачињата претставуваат лични податоци на корисникот, за нив се применуваат сите правила предвидени за заштита на личните податоци на купувачите и на корисниците на интернет-страницата на Горење ДООЕЛ Скопје и на социјалните мрежи. Повеќе за употребата на колачињата прочитајте овде.
Линкови на интернет-страницата или на социјалната мрежа на трети лица:
Интернет-страницата и социјалните мрежи на Горење ДООЕЛ Скопје може да вклучуваат врска (т.н. линк) до интернет-страниците или социјалните мрежи на трети лица. Поради природата на глобалната мрежа, Горење ДООЕЛ Скопје гарантира заштита на личните податоци во согласност со горенаведените правила исклучиво за интернет-страницата и за социјалните мрежи со кои управува, но не и за трети лица.
Комуникација:
Целата комуникација којашто се однесува на процесот на нарачување и на склучување на договорот за купопродажба помеѓу Продавачот и Купувачот, се извршува по пат на е-пошта и/или по телефон, кои е-пошта и/или телефонски број Купувачот ќе ги внесе во текот на процесот на регистрација.
При регистрирањето, секој Купувач или Корисник автоматски се пријавува за известувања (newsletter). Можно е да го откажете приемот на известување (newsletter), така што, кога ќе го добиете првото известување (newsletter), ќе кликнете на линкот – одјавување од newsletter. Ако има проблем со одјавувањето, контактирајте го Горење ДООЕЛ Скопје на електронската адреса наведена во податоците за продавачот.
Известувањата за месечните акции и рекламните електронски пораки кои Продавачот му ги праќа на Купувачот мора да бидат јасно и недвосмислено означени како рекламни пораки. Продавачот мора да биде јасно видлив. Продавачот безусловно ќе ја почитува желбата на Купувачот или на Корисникот да не прима рекламни пораки и известувања за месечни акции.
Ознаки на достапноста до производот:
„Достапно онлајн“ – значи дека е можно производот да се нарача преку интернет-продавницата под овие „Општи услови на продажба“.
„Побарајте во продавниците“ значи дека е можно производот да се купи во класичните продавници на продавачот под условите за продажба во тие продавници.
„Купи кај партнер“ значи дека е можно производот да се купи преку интернет-продавници на продавачот под условите за продажба во тие продавници.
Процесот на купување почнува со уредна регистрација на купувачот, со изјава на купувачот во апликацијата дека ги прочитал „Општите услови на работење“, ги разбрал и дека ги прифаќа и со изјавата дека го прифаќа договореното меродавно право и надлежноста на Основниот суд во Скопје 2 Скопје.
Регистрација на купувачот:
Регистрацијата на купувачот подразбира регистрација на електронската адреса и на личните податоци: име и презиме, поштенски број и град, број на телефон и (или) на мобилен телефон, а за правните лица назив и адреса, поштенски број и град, број на телефон и (или) на мобилен телефон и факс, ID број, ДДВ број, трансакциски сметки во банките.
Целата понатамошна комуникација која се однесува на процесот на нарачување и на склучување на договорот за купопродажба помеѓу Продавачот и Купувачот, се одвива преку електронска пошта и/или преку телефон.
Купувачите се должни да дадат точни, валидни и потполни лични податоци при пополнувањето на образецот за регистрација. Инаквото постапување на Купувачот го овластува Продавачот да се воздржи од продажба на производот или од давање на услугите.
Политика за заштита на личните податоци и политика за заштита на доверливите податоци и информавии на купувачите и на корисниците на интернет-страниците и на социјалните мрежи на Горење ДООЕЛ Скопје:
Личните податоци на Купувачот на производите и на услугите и на Корисникот на интернет-страницата на mk.hisense.com, како и на Корисникот на социјалните мрежи на Фејсбук Хајсенс Македонија, Инстаграм Хајсенс Македонија и сл., кои се управувани од страна на Горење ДООЕЛ Скопје, заштитени се и се чуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци, со Законот за заштита на потрошувачите и со другите позитивни прописи, и не може да им се соопштуваат на трети лица ниту на лицата внатре во групацијата на „Горење“. Така собраните лични податоци ќе бидат употребени исклучиво со цел да се склучи и да се исполни договорот и услугите кои се даваат. Личните податоци може да се употребат и за информирање на корисниците за понудата на производи и за други слични маркетиншки или промотивни комуникации само со претходна согласност која се дава со прифаќање на овие Општи услови на работење. Сите податоци за корисниците строго се чуваат и достапни им се само на овластени вработени за таа цел и на оние на кои тие податоци им се неопходни за извршување на работата.
Корисникот има право на дополнување, на измена или на бришење на личните податоци, како и на тоа да се спротивстави на обработката на личните податоци со цел да се реализираат промотивни и маркетиншки активности на електронската пошта gorenje@gorenje.com.mk. Корисникот гарантира дека податоците кои ги навел се точни, потполни и ажурирани и веродостојни, а со користењето на интернет-страницата и на социјалните мрежи на Горење ДООЕЛ Скопје потврдува дека се согласува со употребата на неговите лични податоци на таков начин и со таква цел како што е погоре наведено.
Нарачка:
Купувачот одбира најмалку еден производ, го додава во кошничката и ја праќа нарачката. Производот се нарачува и се продава под негово име, со карактеристики и со употребни вредности, со јасни и детални упатства за употреба, по истакнатите цени со вклучени даноци и под овие „Општи услови на работење“.
Доколку нарачката е направена во секој работен ден после 21 часот, во сабота после 18 часот или во недела, операторот ќе Ве исконтактира во горенаведеното работно време.
Потврда на нарачката од страна на Продавачот:
Продавачот ќе му ја потврди нарачката на купувачот доколку производот е на залиха најдоцна во рок од два (2) работни дена доколку не се договори поинаку со купувачот. Доколку производот не е на располагање (на залиха), во истиот рок од два дена, продавачот ќе ја одбие нарачката, доколку не се договори поинаку со купувачот.
Цени:
Сите цени претставуваат малопродажни цени и се изразени во денари и се со вклучен ДДВ. Горење ДООЕЛ Скопје го задржува правото на измена на малопродажните цени. Малопродажните цени важат во моментот на примањето на нарачката. Производите на распродажба се видливо означени со цена пред и со цена по намалувањето.
Акции, услови и траење:
Роковите на траење и условите на акциите и на другите посебни облици на продажба (акциски продажби, распродажби, сезонско намалување и сл.), наведени се покрај секоја таква понуда.
Рок на плаќање:
Рокот за уплата на купопродажната цена на производите (износот наведен на потврдената нарачка) изнесува 2 (два) работни дена од денот кога купувачот ќе прими известување од продавачот за потврдената нарачка и профактура, освен во случај кога се плаќа при преземање.
Во случај кога купувачот во тој рок нема да изврши уплата по купопродажната цена, а продавачот и купувачот не се договориле поинаку, потврдата на нарачката станува необврзувачка за продавачот и таа се брише од системот.
Начин на плаќање:
- Со вирман преку сметка: Оваа опција Ви овозможува да извршите плаќање по електронски пат или со традиционално пополнување на рачниот налог во банка или во пошта. Во овој случај, задолжително, во полето „цел на уплата“ мора да го наведете бројот на профактурата за која вршите плаќање. По извршената уплата, почнуваме со обработка на Вашата нарачка и производите ќе бидат пратени на Вашата адреса. Најчесто датумите на изработката на нарачката и на извршената уплата може да се разликуваат, па затоа можно е рокот на испораката да биде променет во однос на датумот на нарачката.
- Плаќање со картички: Eднократно плаќање со платежни картички од програмата на MasterCard и Visa.
Плаќање од страна на лица кои не се купувачи на производите:
Плаќањето на опишаниот начин во име, преку сметката и со согласност на купувачот, може да го извршат и трети лица исклучиво во својство на лице што ги плаќа производите и без какво било влијание врз содржината на купопродажниот договор и договорената испорака на производите на купувачот.
Тајноста на Вашите податоци е заштитена и осигурана со употребата на SSL-енкрипцијата. Страниците за наплата преку Интернет се осигурани со користење на протоколот Secure Socket Layer (SSL) со 128-бит енкрипција на податоците. SSL-енкрипцијата е постапка на шифрирање на податоците поради спречување на неовластен пристап при нивниот пренос.
Со тоа се овозможува сигурен пренос на информациите и се оневозможува недозволен пристап до податоците при комуникацијата помеѓу компјутерот на корисникот и порталот за плаќање на Банката и обратно.
Продавачот не ги меморира броевите на кредитните картички и броевите не им се достапни на неовластени лица. Достапен им е само бројот на авторизираната трансакција.
Купувачот е самиот одговорен за пристапот кон својот систем и самиот ќе се погрижи за сигурноста на корисничките податоци и шифри. Купувачот дава гаранција за точноста и за вистинитоста на сите доставени податоци и на продавачот ќе му одговара за штетата која е направена поради неточните односно невистинитите податоци.
Платежни картички:
Плаќањето е овозможено со платежните картички од програмата на MaterCard и Visa.
Рок на испорака:
Рокот на испорака изнесува 3 до 5 работни денови од денот на потврдување на нарачката.
Рокот за испорака на нарачката за која купувачот го избрал начинот на плаќање преку сметка, почнува да тече од следниот работен ден по примањето на уплатените средства преку сметката.
Со исклучок, рокот на испорака може со согласност да се продолжи ако нема производи на располагање или ако се случи нешто што продавачот не можел да го предвиди ниту да го спречи.
Ако продавачот ја потврди нарачката, а поради каква било причина не е во можност да го/ги испорача производот (-ите), должен е за тоа веднаш да го информира купувачот и да му ги врати парите во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на праќањето на известувањето за неможност на испораката.
Политика и услови на доставување:
- Доставувањето се врши исклучиво на подрачјето на Република Северна Македонија.
- Доставувањето на производите е бесплатно до првиот влез на домот на клиентот ако вредноста на производите е повисока од 850 денари со ДДВ. За производи до 849 денари со ДДВ се доплаќа достава во износ од 100 денари со ДДВ ако плаќањето на производите е онлајн со картичка или вирмаски. За производи до 849 денари со ДДВ се доплаќа достава во износ од 130 денари со ДДВ ако плаќањето на производите е во готово при преземање. Плаќањето се врши кон договорниот партнер при достава/наплата на производот. Доколку нарачката биде вратена од курирската служба поради неуспешен обид за контактирање на клиентот, а клиентот сака да ја добие истата, трошокот за испорака е на товар на клиентот.
- Нарачката ќе биде испорачана на наведената адреса во период од понеделник до петок од 8 до 16 часот и во сабота од 9 до 14 часот , преку Службата за доставување „Пост Експрес Македонија ДООЕЛ Скопје“, на ул. „Ѓорѓи Колозов“ бр. 134, 1000 Скопје, кој е договорен партнер на продавачот.
- Доставувањето се врши до првиот влез на станбениот објект, куќата или зградата, односно деловниот објект на договорената адреса која купувачот ја навел во нарачката, а до која можно е да се дојде од јавна сообраќајна површина со превозно средство (камион, комбе). Ако не е можно да се пристапи до наведената адреса, доставувањето ќе се изврши до најблиското место за истоварување кое е претходно договорено со купувачот.
- Доставувањето не вклучува внесување на производи во станбените и деловните простории.
- Доставувањето не ја вклучува услугата за монтирање и ставање во употреба на производот. За вклучување на производот во употреба, што не е вклучено во цената на производот, потребно е да му се обратите на Продавачот на единствениот телефонски број 02/3299-109 во центарот за грижа на корисници на Хајсенс Горење во Република Северна Македонија.
- Купувачот се известува за точниот датум на доставување.
- На денот на договореното доставување, купувачот ќе контактира со службата за достава заради најава на доаѓањето.
Неуспешно доставување/ примопредавање:
Ако доставувањето е неуспешно по вина на Купувачот или Купувачот одбива да го прими производот од неоправдани причини, доставувачот ќе му го врати производот на продавачот на неговата адреса и ќе му достави сметка.
Продавачот, веднаш, а најдоцна во законскиот рок од 15 дена, ќе ја врати цената која ја платил Купувачот намалена за ефективниот трошок на транспортот што Продавачот го платил на доставувачот според доставената сметка.
Примопредавање на производот и оригинална фактура:
Примопредавањето на производот се врши во договорен термин, на договорената адреса со потпишување на испратница и на тој начин купувачот го презема производот со сите придружни документи (декларација, гарантен лист со сервисна мрежа, упатство за употреба).
Притоа купувачот ја презема и оригиналната фактура и потврдата дека го примил производот, го потпишува и му го враќа на продавачот во една копија преку доставувачот.
Купувачот има право да го прегледа производот и да не го преземе ако е оштетена амбалажата, во спротивно, се смета дека производот е преземен неоштетен со неоштетена амбалажа.
Договор, место и датум на склучување на договорот:
Договорот е склучен во Скопје, на денот кога Купувачот ќе ја потврди нарачката во согласност со овие „Општи услови на работење“.
Трајност на договорот:
Договорот склучен помеѓу Продавачот и Купувачот е еднократен и престанува со исполнувањето на договорот, со откажување од договорот или со раскинување на договорот целосно или делумно.
Исполнување на договорот:
Договорот се смета дека е исполнет со уредно испорачување на производот и со плаќање на цената за испорачаниот производ под договорените услови.
Право на Купувачот да се откаже од купување – договор:
Купувачот има право во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на купениот производ во одредени случаи да се откаже од договорот согласно со Законот за заштита на потрошувачите со писмена изјава.
Писмената изјава треба да содржи име и презиме на купувачот, адреса, број на телефон, електронска адреса и податоци за преземениот производ. Писмената изјава му се доставува на продавачот по електронска пошта, или по пошта на адресата на продавачот.
Обврска на Купувачот е на Продавачот во своја организација и на свој трошок да му го врати производот што му е испорачан, во оригинална амбалажа, некористен и во непроменета состојба, со оригинална фактура и со придружна документација.
Политика на поврат на средствата по трансакција доколку купувачот се откаже од договорот:
Ако Купувачот се откаже од договорот за купување, Продавачот е должен на Купувачот да му ги врати парите најдоцна во рок од 15 (петнаест) дена од денот на приемот на производот.
Ова подразбира дека Купувачот го вратил производот на адресата на Продавачот во непроменета состојба, некористен и во оригиналната амбалажа во рамки на законскиот рок од 15 (петнаесет) дена за враќање на производот.
Раскинување на договорот поради неисполнување:
Купувачот има право на раскинување на договорот ако од страна на Продавачот договорот не биде исполнет:
- Производот не е испорачан во договорениот рок,
- Производот не се одликува со договорените својства и одлики, не соодветствува со нарачаниот модел или на спецификацијата, под услов:
- Дека веднаш, а најдоцна во законскиот рок од 15 (петнаесет) дена, му доставил рекламација на Продавачот,
- Дека му оставил на Продавачот дополнителен рок за исполнување на договорот.
Забелешка: фотографиите не ги претставуваат производите и дадени се само како илустрација.
Раскинување на договорот по закон:
Договорот се раскинува според законот, ако Продавачот целосно или делумно не го исполни договорот ниту во дополнително предвидениот рок, освен ако Купувачот без одложување изјави дека договорот го остава во сила.
Гаранција за правилно функционирање на производот (Гаранција):
Сите производи што се во продажба во интернет-продавницата имаат гаранција од увозникот, односно од произведувачот, како и обезбеден сервис во гарантниот рок и надвор од гарантниот рок, како и соодветни резервни делови во Република Северна Македонија.
За остварување на правата од гаранциската изјава, Купувачите можат да му се обратат на продавачот на единствениот телефонски број за цела Македонија, 02/3299-109.
Условите на гаранцијата се наведени во Гарантниот лист, кој е приложен кон секој производ. Повеќе за гаранцијата, за исправноста на производот со производствена марка Хајсенс дознајте тука.
Приговори/Рекламации:
Купувачот е должен да го прегледа преземениот производ и за недостатоците веднаш, а најдоцна во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на преземањето, да го извести Продавачот во писмена форма, преку електронската адреса, по факс или по пошта, бидејќи во спротивно се смета дека го примил производот без видливи недостатоци.
Доколку производот има оштетена амбалажа,
да не се презема од доставувачот, бидејќи дополнителните рекламации не се прифаќаат.
Доколку производот има видливи оштетувања,
Купувачот треба најдоцна во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на преземањето на производот да го извести продавачот за видливите механички недостатоци на производот (на пр., скршен или дел што недостига, оштетувања во облик на гребнатини, пукнатини и сл.).
Доколку производот нема оштетувања на амбалажата ниту видливи оштетувања,
Купувачот треба да го прегледа производот поради утврдување на природата, обележјата и функционалноста на производот и за евентуалните недостатоци да го извести продавачот најдоцна во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на преземањето на производот, во писмена форма, преку е-пошта, по факс или по пошта.
Доколку купувачот дополнително го открие скриениот недостаток,
а најдоцна до крајот на гарантниот рок што тече од денот на преземањето на производот, потребно е да поднесе барање за отстранување на недостатокот на производот, во писмена форма, преку е-пошта, преку формуларот за пријава на дефект на веб страната, на единствениот телефонски број на овластениот сервис (02/3299-109) или по пошта.
Скриени недостатоци се оние недостатоци кои не можеле да се откријат со вообичаениот преглед при преземањето на производот.
Во приговорот, Купувачот ќе го истакне и одреденото барање кон продавачот: за замена на производот со друг исправен производ, за сервисирање/поправка на производот или за намалување на цената.
Одговор на продавачот на приговорот/рекламацијата:
Продавачот е должен да го контактира купувачот во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на рекламацијата / барањето. Доколку рекламацијата и барањето на купувачот за отстранување на недостатокот се оправдани, продавачот без одлагање ќе го задоволи барањето на Купувачот. Ако Продавачот го оспори недостатокот во одговорот, тој ги наведува причините зошто барањето не е оправдано.
Ако Продавачот го оспори недостатокот, а Купувачот не се откаже од своето барање, стручно мислење за оправданоста на приговорот дава соодветна институција во Република Северна Македонија.
Одговорност за производот:
Продавачот има улога на произведувач и одговорен е за штетата предизвикана со грешка кај производот, во согласност со одредбите од законот со кој се уредуваат облигационите односи во Република Северна Македонија.
Меродавно право и надлежен суд:
Овие „Општи услови“ се направени во согласност со прописите за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, Законот за заштита на лични податоци, Законот за облигациони односи и други прописи на Република Северна Македонија.
Продавачот и купувачот ќе се обидат да ги решат сите спорови по пат на заеднички договор, а ако не успеат во тоа, ги договараат надлежностите на Судот во Скопје, во оваа електронска форма и во писмената форма, при преземањето на производот.
Договор за месна надлежност на судот:
- Договорените страни се согласуваат дека во случај на спор во врска со наведениот договор на далечина, месно надлежен суд е судот во седиштето на продавачот.
- Во согласност со изјавената волја на договорните страни, за споровите е надлежен Општинскиот суд во Скопје.
- Договорот стапува во сила со денот на потпишувањето.
- Договорот е составен во електронска форма, со прифаќање на „Општите услови на работење“.
Правила за објавување рецензии и коментирање на производи и услуги на Горење Дооел Скопје
Овие правила/услови за користење ги дефинираат методите и условите во и под кои вие како клиенти, т.е. купувачи на производи или корисници на услуги на Горење Дооел Скопје (во понатамошниот текст „Компанија“) може да објавувате коментари и рецензии за нивната соодветност, квалитет и корисничко искуство.
Цел на правилата
Правилата се утврдени со цел да се спречат потенцијални прекршувања на основните принципи на цивилизираната комуникација. За таа цел, го задржуваме правото да ја уредуваме, заклучуваме или бришеме содржината што ја сметаме за несоодветна. Не сме обврзани да ги објаснуваме нашите одлуки во врска со ова. Го задржуваме правото да ги измениме правилата/условите за користење без претходно известување за корисниците на системот во случај на промена на технологијата, ажурирања или промени на законодавството што може директно да влијае на одредбите од правилата/условите за користење. Правилата се јавно достапни на веб-страницата на mk.hisense.com и тие ќе бидат достапни при секое поднесување на нови коментари или прегледи на производи или доставување мислења за услуги и производи.
Лични податоци
Рецензиите, мислењата и коментарите може да се објавуваат само од регистрирани корисници на системот или корисници кои се најавуваат како гости. По регистрацијата, ние го собираме само основниот сет на лични податоци потребни за единствена идентификација на корисникот на системот, за соодветна системска администрација на корисниците и за каква било комуникација поврзана со објавување прегледи на производи и услуги и мислења на клиентите. Личните податоци се собираат и обработуваат во согласност со нашата Политика за приватност.
Личните податоци доставени при регистрација во системот ќе се чуваат само по потврда на согласност за обработка на лични информации, кои ќе бидат дел од регистрацијата во системот. Во случај на дополнителни прашања во врска со обработката на личните податоци, ве молиме испратете ни е-пошта на privacy@connectlife.io.
Со цел рамноправно претставување на рецензиите на производите од корисниците, Компанијата ги означува објавените рецензии на корисниците кои навистина го купиле апаратот со знакот [Потврден корисник]. Осигурувајќи дека со знакот [Потврден корисник] се обележани само објавените рецензии од корисници кои всушност го купиле производот, обележувањето е означено со [Потврден корисник].
Компанијата ќе ги објави сите рецензии на корисниците, освен оние кои ги прекршуваат основните принципи на пристојна комуникација. Рецензиите на корисниците не се спонзорирани и не се под влијание на договорните односи со продавачите, ниту, пак, Компанијата користи лажни рецензии на корисници (на пример, лајкови на социјалните мрежи), ниту, пак, Компанијата нарачува такви услуги за рекламирање производи.
Содржина на објави, сопственост и одговорност за подготовка на објави
Со вашата регистрација и доставување на содржината на коментарите ја потврдувате и гарантирате сопственоста на доставените податоци (само давате податоци чиишто сте сопственик, а со тоа и носител на правата на интелектуална сопственост) и нивната точност и изјавувате дека го доставувате мислењето со целта на поднесување на вашето вистинско искуство во употреба, наместо со цел што би претставувало прекршување на овие услови или ќе резултира со штета на други физички или правни лица.
Кога објавувате содржина, го гарантирате следново:
- содржината не е неточна, лажна или погрешна,
- содржината не претставува повреда на авторските права, деловна тајна или други права на интелектуална сопственост,
- содржината не претставува повреда на правата за заштита на информациите на трети лица,
- содржината не ги прекршува другите закони кои го регулираат фер бизнисот и работењето (не ги прекршува правилата кои се однесуваат на заштита на потрошувачите, нелојална конкуренција или погрешно рекламирање),
- содржината не е потенцијално навредлива за поединци, партнерства или корпорации, не претставува клевета, не е навредлива, несоодветна или пристрасна кон поединечни групи или поединци,
- не сте добиле никаков надомест или сметка за содржината, што би влијаело на вашата рецензија и коментар,
- содржината не вклучува линкови до други веб-локации или информации за контакт на компании или поединци,
- содржината не вклучува елементи на злонамерен компјутерски софтвер.
Објавување и процес на објавување
Кога пишувате коментар или рецензија на производ или услуга, Компанијата го задржува правото да ја прегледа содржината на коментарот и да го отстрани коментарот доколку содржи содржина што е навредлива или на кој било друг начин може да предизвика правна или материјална штета на Компанијата. Рецензиите на производите и услугите и коментарите за корисничкото искуство се објавуваат во рок од 10 работни дена.
Управување со содржина и пренос на сопственост
Содржините што ги поднесувате ќе бидат префрлени во трајна сопственост и контрола на Компанијата. Со ова, вие дозволувате и се согласувате за употреба, репродукција, отстранување, објавување, прилагодување или измена, превод или други начини на обработка и ширење на информациите, без оглед на медиумот, без да добивате или барате никаков надомест.
Со поднесување рецензија на производи и услуги и со поднесување мислење, вие се согласувате и преземате одговорност за отплата на каква било штета предизвикана како резултат на нејзиното објавување на брендот на кој се однесува, на вработените во Компанијата и на која било поврзана трета страна. Одговорноста се однесува на барањата, жалбите/побарувањата или жалбите за штети поврзани со директна или индиректна штета, без оглед на природата, што исто така ќе се смета дека ги вклучува трошоците, таксите, поврзаните правни трошоци и трошоците на адвокатите.
Измени и дополнувања на правилата за објавување рецензии и коментари
Компанијата го задржува правото на промена или на измена, во секое време без претходно известување, на правилата за објавување рецензии и коментари без претходна најава. Тековните правила ќе бидат достапни на веб-страницата на Компанијата на mk.hisense.com. Прикажување/преглед на правилата исто така се нуди секој пат кога се објавува рецензија или коментар.