1. ПОЛИТИКА НА КОЛАЧИЊА
Политиката на колачиња е лоцирана на следната веб-адреса: https://mk.hisense.com/za-upotreba-na-kolacinja.
Оваа веб-локација е управувана од компанијата Горење ДООЕЛ Скопје како контролор на податоците. Покрај компанијата Горење ДООЕЛ Скопје, контролор на податоците е исто така компанијата „Конектлајф“ (ConnectLife, LLC.) која дејствува како главен контролор на податоците на компаниите што произведуваат и/или тргуваат со уреди на брендовите во рамките на компаниите на Хајсенс група во Европа (Hisense Europe Group) (Хајсенс/Hisense, Горење/Gorenje, Аско/Asko, ATAG, Пилгрим/Pelgrim, Етна/Etna, Кортинг/Körting, Мора/Mora, Упо/Upo ). Компанијата го задржува правото да ја измени или да ја дополни Политиката на колачиња, без претходна консултација или одобрение од носителот на податоците. Затоа, препорачливо е одвреме-навреме да ја проверувате Политиката на колачиња, за да бидете информирани за начинот на користењето на колачињата на оваа веб-страница. Исто така, ако дојде до промени на Политиката на колачиња, паролата за колачиња повторно се појавува за да му овозможи на носителот на податоците да ги избере колачињата земајќи ги предвид информациите од изменетата и дополнетата Политика на колачиња.
2. Што претставуваат колачињата?
Колачињата претставуваат мали текстуални датотеки што се складираат на уредот на корисникот – посетителот на веб-страницата (носителот на податоци). Колачињата се чуваат во меморијата на вашиот интернет-пребарувач и така се дизајнирани што овозможуваат веб-локацијата да го препознае корисникот, што е особено корисно за повеќекратни посети на веб-локацијата, кога тие ги овозможуваат претпочитаните преференции на корисникот, но исто така може да овозможат и препознавање на корисникот доколку посетува и друга веб-локација.
Колачињата изведуваат повеќе различни задачи, така што го олеснуваат вашето онлајн-искуство и го прават поинтерактивно. Тие може да се користат, на пример, за запомнување на поставките на веб-локациите што често ги посетувате, тие може да го зачуваат идентитет на корисникот, содржините на количката за пазарување итн. Затоа, тие ви помагаат поефикасно да се движите помеѓу веб-страниците. Тие, исто така, помагаат да се осигурите дека рекламите што ги гледате на интернет се порелевантни за вас и скроени според вашите интереси. Некои од собраните информации се дизајнирани да детектираат шеми на пребарување и приближна географска локација и да го подобрат корисничкото искуство.
3. Како ги користиме колачињата и сличните онлајн-алатки?
Ние користиме различни видови колачиња, и тоа:
1. Првата категорија ја претставуваат задолжителните колачиња кои веб-локацијата ги користи за да обезбеди одвивање на основните функционалности, како што се навигација на веб-локацијата, пристап до заштитените делови на веб-локацијата и слично. Без колачињата од оваа група, веб-локацијата не работи правилно. Како оператор на веб-страницата, ние имаме пристап и можеме да ги читаме овие колачиња. Тие може да се сетат, на пример, дали веќе сте ја потврдиле или сте ја отфрлиле политиката на колачиња. Вашата согласност за користење на овие колачиња не ни е потребна, туку важно е собирањето на колачиња врз основа на нашиот легитимен интерес. Ова се првенствено оние колачиња кои учествуваат во автентификација и технички колачиња кои се неопходни за функционирање и користење на некои поврзани ИТ-системи. Колачињата за автентификација се зачувуваат кога ќе се најавите на веб-локацијата и се складираат на нашиот сервер за автентификација.
2. Втората категорија се таканаречените аналитички колачиња, кои се користат за давање информации за интеракцијата на посетителите со веб-локацијата. Овој тип колачиња се собира анонимно. Ние ги користиме овие колачиња исклучиво за наше сопствено истражување за тоа како можеме да ја подобриме услугата што им ја нудиме на корисниците на нашата веб-локација. Овие колачиња едноставно оценуваат како комуницирате со нашата веб-локација како анонимен корисник (собраните податоци не го откриваат вашиот идентитет). Податоците собрани од анонимни колачиња не се споделуваат со трети страни или не се користат за каква било друга цел. Може да споделиме анонимни податоци со изведувачи кои извршуваат индивидуални задачи за нас врз основа на релевантен договор. За користење на овие колачиња, потребна ни е вашата согласност
3. Третата категорија ја сочинуваат маркетиншките колачиња, кои се користат за следење на активностите на посетителите на веб-локациите и за прикажување рекламни пораки кои се релевантни и привлечни за индивидуалните корисници врз основа на нивните интереси, како и за оценување на ефективноста на содржината на веб-страницата. За користење на овие колачиња, потребна ни е вашата согласност.
4. Четвртата категорија колачиња се колачиња за социјални медиуми кои се користат за поврзување на веб-локација со платформа за социјални медиуми на трета страна. Тие ги помнат деталите за корисникот откако корисникот ќе се најави на сметката на социјалните медиуми од некоја веб-локација. Многу колачиња за социјалните медиуми се поставени преку приклучоци, графички контроли и копчиња за споделување. За користење на овие колачиња, потребна ни е вашата согласност.
Во исто време, ве информираме дека поединечните колачиња се обезбедени од надворешни опслужувачи, меѓу другото, за прикажување на содржината на надворешните опслужувачи (особено, разни социјални мрежи и веб-локации за проследување видеосодржини, на пр. Јутјуб, Фејсбук, Инстаграм, Твитер). За да гледате содржина од трети лица опслужувачи, мора да ги прифатите и нивните услови за користење, кои ги вклучуваат нивната политика за приватност и политиката на колачиња, над кои немаме контрола. Индивидуалните надворешни опслужувачи се регистрирани или обезбедуваат услуги релевантни за заштита на личните податоци во некоја трета земја која не нуди исто ниво на заштита на податоците како во земјите на ЕУ.
Групата на поединечни категории на колачиња што ги користиме на веб-локацијата може да се види од табелите во продолжение.
4. Како да се контролираат колачињата и нивната употреба
Кога ќе пристапите до нашата веб-страница, автоматски ќе ви биде овозможено да управувате и да ги избирате колачињата преку паролата за колачиња. Ако не сакате да ги прифатите сите колачиња собрани врз основа на согласност, паролата за колачиња ќе ви овозможи да изберете само некои од нив или сите да ги одбиете (освен задолжителните колачиња).
Исто така, ќе можете да го промените претходниот избор на колачиња (освен задолжителните колачиња) во поставките за колачиња лоцирани на дното на веб-локацијата или тука. Доколку станува збор за таква подоцнежна промена на избраните колачиња, сепак ќе можеме да ги користиме податоците собрани од колачињата пред тие да бидат оневозможени, но ние ќе престанеме да собираме дополнителни податоци врз основа на оневозможените колачиња.
Ако сакате да го промените начинот на кој вашиот пребарувач користи колачиња, вклучувајќи блокирање или бришење колачиња од која било веб-локација, може тоа да го направите со менување на поставките на пребарувачот што го користите. Со користење на опцијата „Помош“ на вашиот интернет пребарувач, може да ги најдете упатствата за промена на поставките за колачиња.